Кристијано Роналдо има повеќе постигнати голови во ЛШ од Атлетико Мадрид

Само еден хет-трик е доволен за најдобриот фудбалер во светот според ФИФА да ги остави неспиени статистичарите. По синоќешното мадридско полуфинале во ЛШ вака изгледаат бројките и рекордите поврзани со Реал и Роналдо.

- Реал Мадрид е во импресивна серија од 59 меча во низа на кои постигнале гол на сите натпреварувања. Рекордот го држи Баерн со 63.

- Во ЛШ имаат погодено на 36 средби по ред. Последен пат останаа без постигнат гол во април 2011-та кога во полуфинале загубија од Барселона 2:0.

- Последен пат кога Атлетико примил три гола во ЛШ се случило на 16 септември 2014-та. Олимпијакос – Атлетико 3:2.

- Во последните година дена ниту еден тим не успеал да не прими гол од Реал Мадрид. Последниот е Манчестер Сити во полуфиналето лани на 26 април.

За Роналдо:

- 101 гол во ЛШ, повеќе од Атлетико Мадрид кој има постигнато 100.

- Прв играч кој стигна до 50 постигнати гола во нокаут фазата од ЛШ. Меси има 37.

- Нов рекорд на 54 постигнати голови на домашен терен со што го мина Меси.

- Рекордни 47 гола на гостински терен.

- Рекорден број на асистенции, вкупно 31

- Рекордни 11 постигнати голови во полуфиналињата.

- Втор играч со постигнати два хет-трикови во низа во ЛШ. Прв играч на кој му успеа тоа е Луиз Адриано од Шахтјор на двете средби против БАТЕ Борисов во 2014-та.

- Реал Мадрид синоќа му честиташе јубилеј од 400 постигнати голови за Реал Мадрид, но Ла Лига овој не му го признава и му го препиша на Пепе.

3 мај 2017 - 09:40