Контроверзниот момент за кој Атлетико доби пенал во 97-ма минута

Милан испушти голема победа против Атлетико Мадрид и ја имаше сè до 84-та минута, но тогаш израмни Гризман, а Суарез направи пресврт од пенал за кој се водат многу полемики во Италија. Ситуацијата е карамбол.

При резултат 1:1 во меч кој Милан еден час го играше со играч помалку поради црвениот картон на Кеси, Чакир во 93-та минута покажа на белата точка.

Ситуацијата е спорна и тешка за проценка на прва, бидејќи потоа се појави снимка на која се гледа дека двајцата играчи играле ракомет.

Турскиот судија чекаше преглед во ВАР собата од каде стигна потврда за пеналот, кој Луис Суарез го претвори во гол во 97-ма минута.

Во Италија се бесни на одлуката, а Газета дело Спорт уште во наслов го негира пеналот. 

Забавена снимка на која се гледа како Лемар да ја допира топката со рака пред Калулу.

Инаку јак момент на средбата беа и ножичките на Леао кој за малку не постигна гол за најавни шпици.

Навивачите на Милан ја дочекаа Лигата на шампиони во својот дом по пауза од седум години.

29 септември 2021 - 07:47