Кам бек на Ибра на Сан Ремо, овој пат со хит од Лепа Брена

Три години после дебито на најславната музичка сцена во Италија, Златан Ибрахимовиќ повторно се појави на Сан Ремо, овој пат со друга негова српска музичка желба.

Познавате ли некој друг фудбалер или општо човек од нашиве простори кој два пати го канат на Сан Ремо и му пуштаат српски хитови по негова желба?

Златан Ибрахимовиќ е единствениот. Во 2021-ва направи шоу со „Јутро је“, песна која стана хит во Италија и за која Нада треба му се заблагодари.

Три години подоцна повторно е гостин на Сан Ремо, овој пат во првата од петте вечери, која ја отвори со „Луда за тобом“.

Кога оркестарот почна да го свири хитот на Лепа Брена од 1996-та, водителот Амадеус ги прекина, а од публика се јави Ибра, кој рече дека тој одлучува кога ќе прекине музиката.

Почна во публика да дели фотографии со неговиот лик, а потоа ја нарача „Луда за тобом“ и се испентари на бина.

Златан се појави на Сан Ремо со хитот на Нада Топчагиќ

Ибра до Амадеус: Кој ти рекол дека ти си директор на Сан Ремо?

Зошто Златан втората вечер задоцни на Сан Ремо?

Михајловиќ и Ибрахимовиќ испеаа хит на Сан Ремо

7 февруари 2024 - 08:51