Како да се победи Челси

Атлетико Мадрид целосно го надигра европскиот шампион и го совлада со 4:1 во Суперкуп натпреварот, со што тренерот Диего Симеоне со право може да дели лекции за тоа како да се победи Челси.

Една таква лекција преку медиумите му одржа и на Јувентус кој заедно со Челси ќе игра во групата Е од Лигата на шампиони.

Го победивме Челси затоа што фудбалерите перфектно ги следеа моите инструкции", изјави Аргентинецот.

Бранислав Ивановиќ може да биде поминат по десната страна, Микел игра само хоризонтално, а Гери Кејхил и Давид Луиз никогаш не учествуваат во конструкцијата на играта."

Затоа ние се решивме силно да ги притиснеме, дури и ги удвојувавме, а некогаш и по тројца ги чуваа Френк Лампард, Еден Азар и Хуан Мата."

Така ги запоставивме другите и ризикувавме, но се исплатеше. Јувентус може да го направи истото, но на Антонио Конте не му треба мојот совет. Конте е победник, исто како Роберто Манчини и како најголемиот од сите, Жозе Мурињо", додаде Диего Симеоне.

6 септември 2012 - 21:45