Како Алекс Фергусон стана тренер на Манчестер Јунајтед

Тоа беше време помеѓу две големи фудбалски трагедии, година и пол по несреќата во Нејсел и три години пред Хилсброу. Фергусон беше кусо време селектор на Шкотска, а потоа го бараа неколку екипи од Англија. Го направи вистинскиот избор.

На 6 ноември 1986 година, Сер Алекс Фергусон ја донесе најдобрата одлука во својата тренерска кариера и со тоа ја промени историјата на Олд Трафорд.

Тој беше тренер на Абердин со кој три пати стана шампион на Шкотска и го освои Купот на УЕФА. Фергусон беше дел од стручниот штаб на шкотската репрезентација, но на квалификацискиот меч за Светско против Велс во Кардиф, селекторот Џон Стеин ненадејно колабираше и почина.

За негов наследник беше назначен токму Фергусон кој со Шкотска патуваше на Мундијалот во Мексико 1986, но неговата селекција беше елиминирана во групната фаза, а тој веднаш поднесе оставка.

Тоа лето понуда му доставиле Тотенхем, а потоа и од Арсенал, но тој ги одбил. Бил поврзуван и со клупата на Ливерпул, а во 1982-ра го барале во Вулверхемптон. Потоа следувале шпекулациите со Манчестер Јунајтед кои се оствариле, откако Рон Аткинсон добил отказ поради слабиот старт и елиминацијата во купот.

Фергусон дебитирал на 8 ноември против Оксфорд и загубил со 2:0, а првиот трофеј им го донел во 1990-та кога освоил ФА купот.

Останатото е историја. Фергусон денес го сметаат за еден од најдобрите тренери во историјата на фудбалот. На Олд Трафорд остана до 2013-та и освои 38 трофеи, меѓу кои 13 титули во Премиер лигата, 5 ФА купови и два трофеи во ЛШ. Пет пати го прогласија за тренер на сезоната во Премиер лигата, а во 2003 година и за најдобар тренер на декадата во Премиер лигата.

Првиот меч на Фергусон како тренер на Манчестер

Последниот

6 ноември 2015 - 17:30