Ја видовте ли шансата на Елмас од пола метро во 92-ва минута?

Фудбалерите на Наполи го освоија Купот на Италија откако по резултат 0:0 во регуларниот дел, го добија Јувентус на пенали со 4:2. Елмас влезе во 87-ма минута, а во судиското продолжение можеше да стане херој.

Последната шанса на мечот ја имаа Наполитанците, но со Џиџи Буфон никогаш не знае човек на што е. Прво ја спаси од гол линија откако Максимовиќ играше со глава, а потоа погледнете како му го затвори аголот на Елмас по што топката се одби од него па удри во статива. 

Како и да е македонскиот репрезентативец стигна до трофеј во Италија уште во деби сезоната и тој е втор Македонец кој го има освоено италијанскиот Куп. Пандев има вкупно пет од кои еден со Лацио, и по два со Напопи и Интер

18 јуни 2020 - 08:00