таг: џиџи буфон

Роналдо или Буфон?

Ако вечерва во Кардиф треба да се изберат двајца потенцијални клучни играчи на финалето, тоа сигурно се најдобриот голман во светот и најдобриот фудбалер во светот. Ракавиците на Џиџи или нишанот на Кристијано? Нема пораелна прогноза од тоа човек да каже 50 - 50. Повеќе

12 непознати факти за финалето Јувентус - Реал Мадрид

Во пресрет на дуелот кој нестрпливо се чека во целиот свет, неколку факти кои не се многу познати во јавноста. Повеќе

Буфон: Најјаките се секогаш најантипатични

За 16 години кариера во Јувентус, Џиџи Буфон го опишува чувството како е да се освојат 10 титули (од кои две спорни), што губиш, а што добиваш кога покажуваш верност и во најтешките денови и што значи зборот „ние“. Одличен осврт на легендата по освојувањето на шестото Скудето по ред. Повеќе

Џиџи Буфон остана последен да слави со навивачите
Цитат на денот од Џанлуиџи Буфон

„Со задоволство го менувам дресот со секој, тоа е знак на почит. Се сеќавам еднаш кога бев мал и кога замолив еден играч да ми го даде дресот, тој ме одби. Тоа многу ме погоди, така што тогаш одлучив дека ако станам голем играч, ќе ми биде срам ако така се однесувам“, изјави Буфон по мечот со Монако и не откри кој бил тој играч. Повеќе

Никој друг вака не брани на 39 години

Јувентус стигна до 600 минути без да прими гол во Лига на шампиони. Една од главните причини за тоа е што го имаат Џиџи Буфон, еден и единствен кој како старее така му расте формата. 100 одиграни средби за Јуве во ЛШ, 60 од нив без примен гол. Како ли ќе се навикнат навивачите да го гледаат Јувентус без него. Повеќе

Кога се роди Мбапе, Буфон го запиша својот 108-ми настап

Јувентус ќе игра против Монако во полуфиналето од ЛШ, а Буфон ќе го брани голот од Мбапе. Според возраста тоа ќе му дојде како да играат татко против син. Џиџи има 39 години, а Калиан 18. Денот кога се роди малиов, се играше дуелот Емполи - Парма 3:5 на кој Буфон го оствари својот 108-ми настап за Млекарите. Повеќе

Што голманишта ќе беа Ноер и Буфон

Ќе речат голманот со своите одбрани го добива мечот во ракомет, а што да кажеме за двајцава монструми кои во последниве два дена во ЛШ реагираа како Штербик. Да не беа овие нивни луди интервенции Јувентус сигурно ќе патуваше на реваншот со примен гол, а Реал ќе имаше убедлива победа од некои 1:4, 1:5. Повеќе

Буфон врати се, доста му е

Тренерите на големите екипи имаат пракса во Купот секогаш да бранат резервните голмани, па дури и во завршницата на овој турнир. Јувентус за малку ќе се покаеше вчера што Бразилецот Нето почна од почеток и направи неколку кардинални грешки после кој Јуве примаше голови. Мертенс му даде гол 8 секунди откако влезе во игра. Повеќе