Ја видовте ли прославата на Нејмар пред Кимих?

Од десетина неверојатни шанси на двете страни, пречки и одбранети зицери, најинтригантен момент беше бурната прослава на Нејмар и Леандро Паредес во лице пред Јошуа Кимих.

Може да се испостави дека оваа сцена не е случајна од причина што Кимих пред реваншот во Париз рече дека во Минхен Баерн беше многу посилен и дека смета дека ќе поминат понатаму.

„На првиот меч бевме многу подобри ама за жал резултатот не го одразува тоа што се случи на терен. Они само три пати шутнаа на наш гол и дадоа три гола. Освен тоа не памтам и дека ПСЖ имаше многу шанси. Цел меч ние имавме повеќе посед и создадовме повеќе прилики за гол. Сега се надевам дека ќе ги искористиме“

Иако Нејмар призна дека го запомнил коментарот на фудбалерот на Баерн кој лани стана европски шампион по триумф во финале токму над ПСЖ, Бразилецот за неумесната прослава пред лице на Кимих за TNT Sport Brasil вели дека сè испаднало спонтано и без намера.

„Смешно, јас ни близу немав таква намера да празнувам за да го закачам него. Тоа беше повеќе за Лео (Аргентинецот Паредес), јас славев со него. Така испадна Кимих да се најде меѓу нас. Он изјави дека нивниот тим беше подобар, дека требале да победат. Сигурен беше дека ќе влезат во полуфинале“, додаде Нејмар и остана нејасно дали имал намера да провоцира.

Еве го моментот:

Бразилскиот ас кој како никогаш во кариерата имаше 3 стативи, 1 пречка и уште најмалку 5 стопостотни шанси, констатирал:

„Среќен сум и покрај поразот. Игравме против прекрасна екипа. Ние сме исто така одличен тим и тоа го покажавме денес. Го елиминиравме победникот на Лига на шампиони. Стигнавме до целта, сега сме во полуфинале“.

Вечерва ПСЖ ќе дознае кој ќе им се најде на патот до финалето, Манчестер Сити или Борусија Дортмунд.

ГОЛОВИТЕ И ХАЈЛАЈТС ОД НАТПРЕВАРИТЕ ПСЖ - БАЕРН И ЧЕЛСИ - ПОРТО