Инзаги: Мурињо ме убеди да се откажам

Една од легендите на италијанскиот фудбал, Филипо Инзаги замина во пензија и ја започна тренерската кариера предводејќи еден од јуниорските тимови на Милан. Пипо откри дека најзаслужен за неговото пензионирање е Жозе Мурињо.

По 623 официјални натпревари за 21 година и 288 постигнати голови и уште 57 настапи за репрезентацијата и 25 голови во дресот на Италија, легендата Филипо Инзаги реши да стави крај на неговата кариера како фудбалер.

По 11 години во црвено-црвниот дрес, тој остана верен на Милан и ја започна тренерската кариера со еден од јуниорските тимови.

Утрото од мојот прв ден на новата позиција бев многу нервозен. Не очекував дека толку многу навивачи ќе дојдат да го проследат мојот прв тренинг", изјави Пипо за Gazzetta dello Sport.

Од тренерите со кои сум работел, најмногу сум научил од Џиџи Кани и Бортоло Мути. Анчелоти исто така ме научи многу. Тој ми се јави во 8:30 за да ме потсети дека треба да водам тренинг. Тој е мојот пример за вистински тренер", откри поранешната легендарна деветка.

Можев да играм уште една година. Неколку клубови ме бараа, но ми се јави Жозе Мурињо и ми рече: „големите фудбалери се пензионираат во големи клубови" и тој беше во право, па затоа решив да ја завршам кариерата“, заврши Филипо Инзаги.

21 август 2012 - 12:12