Интер прокоцка предност и утна три пенали, во четвртфинале одат Атлетико и Борусија

И покрај тоа што Интер замина со предност во Мадрид и поведе во 33 минута со голот на Ди Марко, се простува во осминафиналната фаза од ЛШ. Гризман и Депај го свртеа мечот на 2:1, а потоа момците на Симеоне беа подобри од белата точка со 3:2. Облак им фати два пенали на Санчез и Класен, а Лаутаро Мартинез ја опали над гол. Борусија го совлада ПСВ со 2:0.

Атлетико Мадрид - Интер 2:1 (3:2 на пенали). Прв дуел 0:1.

Борусија Дортмунд - ПСВ 2:0. Прв дуел 1:1.

Четвртфиналињата ќе бидат драма. Внимавајте добро на екипите:

Реал Мадрид, Баерн Минхен, Манчестер Сити, Барселона, ПСЖ, Арсенал, Атлетико Мадрид и Борусија Дортмунд. Ждрепката е на 15 март.

14 март 2024 - 06:49