Импресивно видео од финалето во чест на загинатите Бразилци

Синоќешното финале на Копа Судамерикана не се одигра, но тимот на Атлетико Национал се појави и во голем стил им оддаде почит на трагично загинатите фудбалери на Шапекоенсе. Огромна почит и жал покажаа и домашните навивачи кои го наполнија стадионот. Се пееше ' Vamos Vamos Chape '' и сега завршниот збор околу доделување на трофејот го има организаторот на Купот. Колумбијците бараат да оди кај Шапекоенсе.

Стадионот во Меделин од птичја перспектива

Реки народ имаше и пред стадионот кои гледаа на видео бим.

Многу потрогателно беше во Бразил на стадионот на Шапекоенсе каде стадионот исто така беше преполн, но таму беа фудбалерите кои не отпатуваа и семејствата на загинатите.

1 декември 2016 - 10:55