Таг: атлетико национал

Доналд Трамп за малку ќе го спасел од банкрот најтрофејниот фудбалски клуб во светот

Откако откривме дека пред 25 години влечел ждрепка за англискиот Лига Куп, најдовме уште една спортска новост поврзана со новиот американски претседател, поради која ќе го сместиме во Офсајд.

Каква е состојбата во бразилскиот Шапекоенсе

Не, Шапекоенсе нема да избледе од фудбалската мапа на светот. Тоа нема да го дозволат бразилските и многу други светски клубови кои се решени да помогнат на било кој начин. Костурот на тимот сега ќе го сочинуваат преживеаните фудбалери.

Историски момент во фудбалот, првпат досуден пенал по видео снимка

На Светското клупско првенство кое во моментов се игра во Јапонија, на мечот Атлетико Национал - Кашима, унгарскиот судија Виктор Кашаи реши да прегледа забавена видео снимка од еден дуел и да досуди пенал врз основа на виденото. Ова е историски момент и првпат на официјален меч се користи забавена видео снимка.

Импресивно видео од финалето во чест на загинатите Бразилци

Синоќешното финале на Копа Судамерикана не се одигра, но тимот на Атлетико Национал се појави и во голем стил им оддаде почит на трагично загинатите фудбалери на Шапекоенсе. Огромна почит и жал покажаа и домашните навивачи кои го наполнија стадионот. Се пееше ' Vamos Vamos Chape '' и сега завршниот збор околу доделување на трофејот го има организаторот на Купот. Колумбијците бараат да оди кај Шапекоенсе.

Колумбиските навивачи оддадоа почит до Шапекоензе

Со многу запалени свеќи, со балони, чадори и шалови во зелено-бела боја, навивачите на Атлетико Национал "Los Del Sur“, тимот кој требаше да му биде противник на Шапекоензе во финалето синоќа оддадоа почит до загинатите бразилски фудбалери. Во меѓувреме колумбискиот тим официјално се откажа од титулата во Копа Судамерикана и побара од КОНМЕБОЛ да му ја врачи на Шапекоензе.

Кој е бразилскиот клуб кој имаше авионска несреќа?

Шапекоензе е клуб којшто неверојатно напредувал во последните седум години и од бразилската четврта лига стигнал до финалето на едно од најголемите натпреварувања во светот на фудбалот, Копа Судамерикана. За жал, бајката на оваа симпатична екипа заврши трагично.

Како Пабло Ескобар местел натпревари во Колумбија

Во време кога на улиците на Меделин да носиш пиштол со себе по улица било како да носиш најнормален предмет, фудбалот важел за игра подеднакво интересна за обичниот народ но и за босовите на нарко-картелите, меѓу кои и главниот кој имал свој клуб.

Меделин не спиеше, Атлетико Национал е шампион на Јужна Америка

По пауза од 27 години, 15-кратниот колумбиски шампион го освои драгоцениот трофеј во Копа Либертадорес. Претходниот го славеше заедно со Пабло Ескобар.

Го имаме ли голот за Ференц Пушкаш?

Во плејофот на Копа Либертадорес, на мечот Атлетико Национал - Хуракан (4:2), гостинскиот играч Абила го постигна можеби најубавиот гол сезонава.

Лудило на Монументал, Ривер ја освои Копа Судамерикана

Славната Ривер Плата го победи Атлетико Национал 2:0 во реваншот од второто по ранг натпреварување во Латинска Америка и за прв пат во историјата стигна до пехарот во овој Куп, пандан на Лига Европа.