Доналд Трамп за малку ќе го спасел од банкрот најтрофејниот фудбалски клуб во светот

Откако откривме дека пред 25 години влечел ждрепка за англискиот Лига Куп, најдовме уште една спортска новост поврзана со новиот американски претседател, поради која ќе го сместиме во Офсајд.

45-от претседател на САД има брендирано хотели, казина и голф терени со неговото име. Потоа почна да вади производи како „Трамп стекови“, па инвестираше во образованието и се појави „Трамп универзитет“, но малку познато е тој бил блиску да купи и фудбалски клуб и тоа не еден, туку два.

Се работи за Глазгов Ренџерс кој е рекордер по број на освоени домашни титули (54), како и светски рекордер по вкупен број на освоени трофеи (118).

Кога Ренгерс банкротираше и во 2012-та почна да се натпреварува од четврта лига, Трамп работеше на отворањето на првиот терен за голф во Шкотска во крајбрежното село Балмеди, во близина на Абердин. Тој има шкотски корени од страната на мајка му и имал можност да го презеде и да го спаси најтрофејниот клуб од банкрот.

Фудбалскиот бизнис за него не бил непознаница. За време на 80-те бил сопственик на Њу Џерси Џенералс, ама во американскиот фудбал, но финансиската ситуација со Ренџерс била толку лоша, што на крајот дури и Трамп се откажал од идејата.

Седи втор од лево на десно за време на студентските денови

Втората прилика да влезе во фудбалот била пред две години кога за време на изборната кампања за претседател, се појавија гласини дека заедно со Алесандро Проти, италијански магнат за недвижности, биле дел од понудата за купување на Атлетико Национал, вредна 100 милиони долари.

Колумбискиот клуб неодамна направи џентлменски потег откако како финалист во Копа Судамерикана се откажа од трофејот и побара постхумно да му биде доделен на Шапеконсе.

Атлетико е историски поврзан и со крајот на дрогата, Пабло Ескобар.

Дали Трамп ќе беше во Белата куќа ако навлезеше и во фудбалот, тоа нема никогаш да го дознаеме.

Ждребот за Лига Купот

26 јануари 2017 - 15:12