Каква е состојбата во бразилскиот Шапекоенсе

Не, Шапекоенсе нема да избледе од фудбалската мапа на светот. Тоа нема да го дозволат бразилските и многу други светски клубови кои се решени да помогнат на било кој начин. Костурот на тимот сега ќе го сочинуваат преживеаните фудбалери.

Во една од најголемите спортски трагедии во историјата кога се сруши авионот British Aerospace 146 на боливиската компанија LaMia загинаа 71 лице - 19 фудбалери, тренерскиот штаб, членови на екипажот, новинари и блиски луѓе на клубот Шапекоенсе.

Шестмина ја преживеаа катастрофата а меѓу нив тројца фудбалери: голманот Фолман, стоперот Нето и бекот Алан Рушел.

Причина за катастрофата според неофицијална верзија била таа што авионот снемал гориво. А на почетокот на ноември во истиот авион до бразилскиот Бело Хоризонте леташе репрезентацијата на Аргентина на меч од квалификациите против Бразил.

КУПОТ БЕЗ ФИНАЛЕ

Трагедијата со Шапекоенсе го обедини фудбалскиот свет пред се оној во Латинска Америка каде фудбалот значи живот. Многу клубови нудеа на позајмица свои играчи, организираа меморијални турнири и симболични акции со грбот на несреќниот клуб.

Колумбискиот Атлетико Национал организираше меморијална церемонија на својот стадион во чест на тимот кој требаше да им биде противник во финалето на Копа Судамерикана 2016. На официјалниот сајт на тимот од Меделин стои грбот на Шапекоенсе со натпис - Шапекоенсе освојувач на Копа Судамерикана 2016.

Бразилскиот клуб го обедини светот кој нема да дозволи овој колектив да исчезне од фудбалската мапа. Се предложи тимот да не може да испадне од бразилската Серија А во следните сезони, а Хуан Роман Рикелме и Роналдињо се понудија бесплатно да играат за Шапекоенсе.

Шапекоенсе постхумно го доби трофејот од Копа Судамерикана

ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕМЕ ЗА ШАПЕКОЕНСЕ?

Шапекоенсе како мал провинциски клуб немал непријатели и големи ривали и е клуб по мерка на државата Санта Катарина на југот од Бразил. Фудбалскиот живот таму е најубав на брегот на Атлантскиот океан каде се главните градови-држави: модерната метропола Флорианополис, Жоинвили, Камбориу, Бруске...

200-илјадниот град Шапеко се наоѓа во планинската џунгла во длабочината на Санта Катарина во близина на границата со Аргентина.

Фудбалскиот клуб Шапекоенсе се појавил во 1973 година а четири години подоцна тимот го освоила регионалното првенство. Тоа му овозможило на Шапекоенсе да настапува во обединетиот шампионат на Бразил кој постојано бил реформиран. Во крајот на ’70-те години Шапекоенсе бил 51 од 93 клуба и тоа не бил некој значаен успех.

Славните времиња на Шапекоенсе настапиле пред 10 години. „Зелените“ во тоа време испаднале од елитното првенство на Санта Катарина, а финансиската ситуација во клубот била катастрофална. Управата некако успеала да најде спонзори, да го реорганизира клубот и да почне да ги плаќа долговите. Во 2009. година клубот стигнал до третата лига на Бразил и тоа бил најголем успех од 1978. година затоа што Шапеко бил меѓу 60-те најдобри клубови во земјата.

Во 2012 година Шапекоенсе го направил првиот пробој во Серија Б а од тогаш тимот кој малку го знаеле во Бразил живеел како во бајка и секоја сезона ги подобрувал резултатите. За една сезона влегле во елитата предводени од пранешниот голман Жилмар Дал Поцо. Во 2013-та во втората лига Шапекоенсе бил втор, зад најтрофејниот клуб во земјата - Палмеирас.

ПОЛЕТУВАЊЕ

Првата сезона во елитата во сезоната 2014/2015 Шапекоенсе се борел за опстанок и само благодарение на победите над гигантите Флуминензе и Ботафого „Зелените“ го задржале местото во елитата со освоено 15. место.

Но неверојатните правила во бразилскиот фудбал му дозволи на Шапекоенсе да се пробие во Јужноамериканскиот Куп (Судамерикана). На тој турнир може да се појават екипи кои стигнале до четвртфиналето на бразилскиот куп (неговата конечна фаза се одржува на крајот на годината), така што неретко второлигашки тимови од Бразил играат во Судамерикана.

Во ова натпреварување Шапекоенсе првпат се појави во 2015. година кога загуби во четвртфиналето од славната Ривер Плата со 1:3 и 2:1 во двомечот.

Минатата сезона 2015/2016, Шапекоенсе ја одигра многу посамоуверено иако пред почетокот на првенството Серија А во тимот од долината на реката Уругвај неколку играчи заминале. Шапекоенсе некако ја истуркал сезоната и на крајот завршил 14-ти и тоа бил чекор напред.

Во септември 2015-та година Шапекоенсе на чело со Гуто Фереира којшто го собрал тимот кој несреќно загина во авио-катастрофата ја оствари историската победа над гигантот Палемирас со 5:1. Во мај лани Фереира го направи Шапекоенсе најдобар тим на државата Санта Катарина чие првенство го освоиле.

КАКО ЈА ПИШУВАА ИСТОРИЈАТА?

Шапекоенсе се одржа во елитата и трета сезона по ред а на почетокот на оваа сезона повторно им предвидувале борба за опстанок со оглед на просечниот состав на тимот. Клубот се држел до политиката: малку високи плати но колектив кој беше признаен како клуб со најмалку долгови во бразилскиот фудбал.

Во екипата бил поставен плафон: највисоката плата не одела над 90.000 реали (30.000 долари) годишно. Тоа важело за сите 25 фудбалери додека другите бразилски клубови даваат плата над 50.000 реали.

Стабилноста во тимот му дозволила на Шапекоенсе да ја избегне борбата за опстанок и тимот на стартот од сезонава бил меѓу првите 10. Тренерот Гуто Фереира прифатил понуда од богатиот Бахија од Салвадор во втората лига. На крајот Бахија обезбедила пласман, а Фереира го спасил својот живот.

Управата не чекала многу и од Емирати го вратила 51-годишниот Кајо Жуниор. Неговите најголеми успеси биле на Блискиот Исток, а во Шапекоенсе успеал да го сочува тимот кој го оставил Фереира и на 11 декември да го сочува деветото место - најголем успех во клупската историја.

До крајот клубот се борел за место во Копа Либертадорес но во претпоследното 37. коло загубиле од Палмеирас кој се бореше за шампионската титула пред 40.000 гледачи.

Најголемиот подвиг на Кајо Жуниор беше во Копа Судамерикана. Во полуфиналето Шапекоенсе играше против аргентинскиот Сан Лоренцо (тимот за кој навива папата Франциско) кој беше голем фаворит. Голот на напаѓачот Ананиас во Буенос Ајерс беше решавачки за 1:1 и пласман во финалето.

Во судиското продолжение голманот Данило спречи стопостотна шанса за Аргентинците по шутот на Маркос Анхелери. Данило ја преживеа авио-несреќата но подоцна во болница им подлегна на повредите.

Навивачите ги пречека своите херои дома, но не им било дозволено да патуваат на првиот меч од финалето во Колумбија. За жал се испостави последно патување на тимот.

ПРЕЖИВЕАНИ И ЗАГИНАТИ

Веќе се влезени во легендата, иако во светот практично немаше многу познати играчи на Шапекоенсе. Лидер на екипата беше 31-годишниот голман Данило кој стана најдобар голман во бразилската Серија А во 2014-та година. Тој настапил на 99 меча.

Данило успеал да го преживее падот на авионот, но следниот ден почина во болница во Колумбија. Неговата замена, 24-годишниот голман Џексон Фолман за Шапекоенсе бранел на еден меч - во Копа Судамерикана против Кујиаба (1:0). Фолман ја преживеа авионската несреќа но лекарите биле принудени да му ја ампутираат едната нога поради што неговата фудбалска кариера е завршена. Него клубот веќе му спремил работно место.

Во составот на Шапекоенсе имало четири голмани од кои двајца не патувале во Колумбија: Животот во голема мера им го спасиле прописите на Судамерикана којшто гласат дека една екипа може да има само 7 резерви.

Дома останал и ветеранот, 42-годишниот голман Нивалдо со којшто „Зелените“ патувале од дното до елитата а останал и голманот Марсело Бек којшто можеби е најсреќен во приказнава: на денот на несреќата 32-годишниот голман кој бранеше и во Португалија се вратил и го замолил стручниот штаб да остане дома за прослава на роденденот.

Во одбраната наместо Жименес и Денес ги смениле соиграчите Вилијам Тиего, Фелипе Машадо и Нето. Последниов настапувал за славниот Сантос, а ја пропуштил речиси целата сезона поради повреда, но на крајот на годината се вратил во стројот.

31-годишниот Нето успеа да го преживее падот, брзо се опоравил и според семејството можно е скоро да му се врати на фудбалот. Долга рехабилитација го очекува дефанзивецот Алан Рушел кој неодамна се појави во солзи на прес-конференција и на хуманитарниот меч организиран од Андрес Д’Алесандро. Рушел претрпел тешки повреди на ’рбетот.

Преживеаниот бек Алан Рушел се појави на прес-конференција

Капитен на екипата беше 35-годишниот везен играч Клебер Сантана. Тој бил најпознат и најплатен фудблер на Шапекоенсе кој играл во Атлетико Мадрид и Мајорка. Напаѓачот Бруно Ранхел до 32 години не играл погоре од Серија Б, но дал 31 гол во триумфалната сезона 2013-та.

Во нападот последнава сезона обично играле Ананиас и Тиагињо кои дале неколку решавачки голови. Тиагињо станал откритие на првенството и го дал последниот гол на Шапекоенсе пред катастрофата - против Сао Пауло во 36. коло од првенството (2:0).

Многу играчи на Шапекоенсе го спасиле својот живот поради тоа што останале дома поради повреда. Одамна паузирал единствениот легионер во екипата - аргентинскиот напаѓач Алехандро Мартинучо. Тренерот Кајо Жуниор не сметал ниту на ветераните Ненема и Рафаел Лима. Одбранбениот играч Демерсон неодамна се опоравил но не патувал за Колумбија.

Демерсон, Мартинучо, Ненема, Рафаел Лима, младите Јоран, Лоуренси и Моизес Рибеиро го избегнале кобниот лет и тие веројатно ќе го сочинуваат костурот на новиот Шапекоенсе.

Во пресрет на зимската пауза Шапекоенсе доби тројца фудбалери на позајмица и извесно е дека нема да има проблем да собере нов тим со оглед на тоа што во Бразил има огромен број на играчи. Тие би требало да играат во знак на сеќавање на жртвите коишто го прославија Шапекоенсе на фудбалскиот терен и коишто станаа легендарни.