Felix bene futuis

Сериозно радио-дифузно пцуење

Минатиот број на едно од најреномираните книжевни списанија во регионов, „Сарајевске свеске", кое излегува неколку пати годишно, некогаш и на повеќе од 500 страници, беше посветен на балканските пцости. Е, сега...

Меѓу познатите имиња кои пишуваа на оваа тема е и филозофот и писател Предраг Крстиќ, кој во неговиот текст „Индекс на опцуеното", без влакна на хартија ја анализира борбата за слобода на јазикот, и во секојдневниот живот и во литературата. Да го преведев целиот (голем) текст можеби тоа немаше да ви направи впечаток. Но кога ќе слушнете како дел од него чита спикер на Третата програма на Белградското радио (на кое исто како и на нашата Трета програма се запазува традицијата на послеполноќно читање теориски текстови, за многумина одлични за лекување несоница), ќе паднете од столче. Неговиот сериозен и крајно професионален тон е урнебесен. Во наша верзија идеална би била некоја доајенка од калибарот на Бранка Станковска.

Научете нешто за потеклото на латинското futuō - јебати, и од него изведените именки „јебање" и „јебач", како и за Помпејските проститутки и нивниот ѕиден пи-ар.

Натпис на фотографијата погоре, од ѕидините на Помпеја:

Hic ego puellas multas futui - Тука имав секс со многу девојки 
Felix bene futuis - Среќнику, баш фино си поминал

4 септември 2012 - 13:46