Идеалистот Тите кој го враќа шмекот на Бразил

Пред неколку недели, новинарите го прашале новиот селектор на Бразил, дали би сакал да го има шампионскиот состав од 1994. или оној од 1982 кој загубил од Италија и не влегол во полуфинале. Се одлучил за вторите а еве и зошто.

Статијава не е да се намали големата вредност на Бразил од 1994. година. Напротив, актуелниот селектор Тите му оддава почит на тогашниот селектор Карлос Алберто Пареира кој со Ромарио, Бебето, Дунга и Тафарел го освои Светското првенство. Цели 24 години Бразил чекаше на тој момент.

На долги патеки, вредноста на овој триумф е дискутабилна, затоа што многумина подоцна го поставуваа контрадикторното прашање да се победува или да се игра бразилски убав фудбал.

Селекцијата од 1994-та успеа да најде баланс со двајца одлични дефанзивци од средината на теренот, Мауро Силва и Дунга. После нив, секој нов селектор бараше идеално решение во тој дел од теренот.

Зизињо, страшен бразилски фудбалер на Мундијалот 1950. година бил идол на тогаш малиот Пеле. Својата автобиографија во средината на ’80-те години, Зизињо ја завршува: „Отсекогаш сме давале одлични играчи од средината кој го контролираат 70% од поседот на топката и имаат посебна функција да ја уништат противничката игра“.

Но по успехот во 1994. година (пеналот на Баџо во Америка), Бразил полека заврши со тоа да игра со стопери пред стоперите, одбранбени фудбалери кои во средината бркаа дефанзивни задачи.

„Кариоките“ полека почнаа да се европеизираат. Играа со повеќе борбени играчи, без препознатливиот шмек и онаа позната игра на плетење мрежа ("jogo apoiado"). Цели две децении Бразилците играа со физикалци наместо техничари. Секој следен селектор од тогаш сакаше резултат по цена да ја уништи убавата игра со повеќе деструктивци па од еден тим со Ривалдо, Денилсон, Роналдо, Кафу, Адриано, Кака често се доаѓаше на анонимуси познати како „тркачи“.

По дебаклот на последните изданија на Копа Америка, бразилската федерација го избрка Дунга и за селектор го постави Тите, човекот кој со Коринтијанс го победи Челси во финалето на Светското клупско првенство и Копа Америка.

Одговорот на прашањето зошто Кутињо наместо Вилијан објасни како Тите ја замислува селекцијата на Бразил: „Зошто Кутињо наместо Вилијан? Има причина зошто навивачите на Ливерпул го викаат Волшебникот (the Magician)“.

По напуштањето на Коринтијанс, Тите го минувал времето набљудувајќи го европскиот фудбал. Негова намера била да ја врати препознатливата игра на Бразил со играчи од Европа и успеа во тоа. Почна со формација 4-1-4-1 како што играл славниот Бразил во 1982. година.

Тоа вроди со плод. Бразилците конечно играат убав фудбал но имаат и резултат, нешто што не беше споиво до скоро. Врзаа три победи по ред и ги победија стравовите дека можеби нема да се квалификуваат на Светското во Русија.