Гвардиола на местото на Венгер?

Весник од Лондон тврди дека Гвардиола наредната година ќе си замине од Баерн и ќе стане нов тренер на Арсенал.

Пеп Гвардиола и претходно беше поврзуван со најсилните англиски клубови, а според пишувањата на Лондон Ивнинг Стандард тоа ќе се случи по завршувањето на оваа сезона.

“Се очекува Гвардиола да го напушти Баерн Минхен на крајот од следната сезона, таман кога Арсен Венгер ќе се подготвува да замине од Емирати. Близок пријател на Гвардиола открил дека тој нема намера да го продолжи договорот со Баварците, а тоа ќе се поклопи со заминувањето на Венгер. Во игра се и двете екипи од Манчестер кои го чекаат расплетот со своите тренери во зависност од тоа какви ќе им бидат резултатите на крај“, пишува весникот.

Гвардиола е втора сезона во Минхен и стигна до титула во домашното првенство и купот, а ги освои и Супер купот на УЕФА и Светското клупско првенство. 

31 октомври 2014 - 14:49