Голманот на Ајнтрахт погоден со петарда

За време на средбата Антверпен - Ајнтрахт Франкфурт, во 46’ минута една петарда долетала на терен од трибина зад гол каде седеле белгиските навивачи. Паднала пред голманот на гостите од Германија Кевин Трап кој се сруши на земја по силниот звук.

УЕФА веќе отворила истрага. Антверпен следен пат игра дома на 4 ноември со Фенербахче.

1 октомври 2021 - 13:35