Германска свест: Баерн, Борусија, Лајпциг и Баер ги помагаат помалите со по 20 милиони

Најгобатите бундеслигаши решија да помогнат во борбата против вирусот, а покрај здравствените центри, ги помагаат и посиромашните клубови кои потешко се справуваат со последиците од Ковид-19.

Во изминатите две-три недели неколку познати германски фудбалери меѓу кои Јозуа Кимих и Леон Горецка решија да донираат повеќе милиони евра во здравствените центри во Германија во борбата против коронавирусот.

Голем дел од играчите во Германија доброволно се согласуваат на смалени плати, репрезентативци на оваа земја жртвуваа 2,5 милиони евра во борба со кроонавирусот, други прават акции за собирање средства.

Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Лајпциг и Баер Леверкузен, кои ја претставуваа Германија во Лига на шампиони сезонава. Секој од овие клубови добил по 12,5 милиони евра - загарантирани од тв права.

Сите четири гиганти решија да се откажат од овие средства во корист на помалку богатите клубови и плус додале сума од по 7,5 милиони евра за округли - 20 милиони евра од клуб.

Овие средства ќе ги донираат во фонд за помош на германските фудбалски клубови кои може да настрадаат од економски проблеми предизвикани од кризата со Ковид-19.

Карл-Хајнц Румениге, шефот на Баерн Минхен смета дека ова решение е единствено адектвано во кризата:

„Заедно со трите други учесници во Лига на шампиони од Германија, со оваа иницијатива сакаме да покажеме сигнал на солидарност со клубовите од прва и втора Бундеслига. Во овие тешки времиња важно е силно да ги поддржиме послабите. Со ова сакаме да покажеме дека има единство во фудбалот“.

Него го поддржал и Ханс-Јоаким Вацке, ивршен директор на Борусија Дортмунд:

„Секогаш викавме дека ќе пројавиме солидарност ако клубовите не по своја вина се соочени со тешкотии кои не можат да ги препродат сами. Соодветно, спремни сме да ги помогнеме другите професионални фудбалски клубови за да им се олесни финансискиот удар како последица на пандемијата“.

Парите ќе ги распредели извршниот комитет на Германската фудбалска лига (DFL) која управува со професионалниот фудбал во Германија.

„Оваа иницијатива покажува дека солидарноста во Бундеслига е многу поголема од празни разговори. Извршниот комитет на DFL е многу благодарен на учесниците во Лига на шампиони за нивниот гест за нашиот клупски фудбал“, изјавил претставник на Бундеслигата Кристијан Зајферт.

БАЕРН ЕДНАШ ЈА СПАСИ БОРУСИЈА ОД ТОТАЛЕН КОЛАПС

Не така одамна, Баерн Минхен кој секогаш бил финансиски најмоќен германски клуб, ја помогна Борусија Дортмунд.

Во 2005-та Дортмунд имаше огромни долгови и едвај преживеа.

„Борусија западна во критична ситуација. Кога не можеа да им платат плати на играчите, ние помисливме дека треба да помогнеме. Јас сум голем поклоник на традицијата во спортот и сметам дека тоа беше исправно“ (за оваа солидарност се дозна во 2012-та).

Баерн и дал на Борусија безпроцентен кредит за да ја крене од дното.

„Прво многу е достојно од страна на Баерн што ги помага клубовите во критични ситуации. Во Борусија тогаш беше критично, долгот изнесуваше 200 милиони евра. 2 милиони не им ги решија сите проблеми, но им помогна колку толку“.

Баварците еднаш ги помогнале и соседите од Минхен 1860, нивен некогашен градски ривал. Му зајмеле пари и на Сент Паули. На Баерн му е важно да ја сочува конкурентноста во лигата.

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ СЕ ЕДИНСТВЕНИ КОИ ПОМОГНАА ЗА ВРЕМЕ НА ГЛОБАЛНАТА КРИЗА

Четирите бундеслигаши не се единствени спремни да им помогнат на помалите клубови. Англиската фудбалска лига (управува со сите професионални дивизии под Премиер - вкупно со 92 клуба), собрала фонд за стабилизација од 50 милиони фунти и им дала на помалите.

Дел од оваа сума се исплати кои обично доаѓаат на крајот од сезоната, а дел е безпроцентен заем од буџетот на лигата. Со ова EFL сака да ја сочува финансиската стабилност на клубовите и можност тие и натаму да опстојат.

ФУДБАЛОТ ПРОТИВ ВИРУСОТ: КЛУБОВИ ПОМАГААТ БОЛНИЦИ, ИГРАЧИ ДАВААТ ОД ПЛАТА

ФУДБАЛЕР НА БАРСЕЛОНА И СЕЛТА ВИГО КОЈ РАБОТИ КАКО ФАРМАКОЛОГ ВО КРИЗАТА

27 март 2020 - 12:39