Фер плеј на вечерта кој мора да се награди

Шкотски Ренџерс и белгиски Антверпен одиграа тотално луд двомеч во Лига Европа со дури 14 гола. Првиот дуел во Белгија заврши 3-4 за тимот од Глазгов, кој синоќа славеше со 5-2. Стрелецот на првиот гол Алфредо Морелос пред полувремето имаше фер плеј на сезоната.

24-годишниот Колумбиец кој е најдобар играч на Ренџерс, при една сериозна акција имаше чист и отворен пат пред противничкиот гол откако неговиот чувар Жереми Желен падна и се повреди, но Морелос испадна фер и ја прекина играта:

Витешкиот потег го поздрави и Ромелу Лукаку:

26 февруари 2021 - 10:04