Фантастична прослава во Венеција за пласман во Серија А после 19 години

Конечно после скоро две децении во најдобрата италијанска лига се враќа симпатичниот клуб од еден од најубавите европски градови.

Во финалето на плејофот за пласман во Серија А, Венеција во реваншот со Читадела израмни на 1:1 со гол во 93' минута и благодарение на триумфот од 1 гол на првиот меч, оди во елитата. 

Венеција во Серија А не била уште од 2002 година. За овие 19 години клубот мина многу турбулентни времиња: банкрот (дури три пати), испаѓање дури во полу-аматерската Серија Д, периоди пред гаснење.

Затоа враќањето на Венеција во Серија А се прослави речиси како скудето.

На улиците на легендарниот град излегле десетина илјади навивачи:

Прославата почнала на плоштадот Сан Марко - култниот плоштад во Венеција. Играчите и тренерите носеле маички со натпис „А“ за асоцијација каде се враќаат.

Главен на прославата беше тренерот Паоло Ѕанети кого го носеле буквално на раце по улиците на градот

А главното почнало подоцна. Екипата и тифозите продолжиле со прослава по главните канали во Венеција во окружување на многу гондоли.

1 јуни 2021 - 10:13