Таг: венеција

Венеција на суво

Над 150 канали во Венеција се пресушени, сосе гондолите заглавени на дното, откако изминатиов период градот е погоден од ретко забележана осека на околното море.

Мерлин Монро, канибализам и Хари Стајлс: најочекуваните филмови на Венецијанскиот филмски фестивал

79-тото издание на најстариот филмски фестивал во светот се отвори на 31 август и ќе трае до 10 септември. Од она што до сега се знае за филмовите изгледа дека ќе биде силна година за награди и за зима помината со добри филмови. 

Навивачите на Венеција и Милан водеа војна на вода

На стадионот Пјерлуиџи Пенцо има опција да се стигне со брод. Навивачи на Милан се решија за таква авантура, ама наидоа на домаќините, па настана необичен судир зачинет со пиротехничко шоу. Инаку Венеција - Милан заврши 0:3.

Нејнесфатливиот црвен картон на неделата

21 годишниот Итан Ампаду е репрезентативец на Велс, член на Челси и позајмен во Венеција. Иако неговиот тим водеше на полувреме против Салернитана, на крај загуби 1:2, а тој беше жртва на чудна судиска одлука. На снимката се гледа како клиза директно на топка и ја собира за да не ја загуби и за тоа добива црвен. 

Гостување во Венеција со траект директно до стадион

Стадионот „Пјер Луиџи Пенѕо“ во Венеција има капацитет од 11.150 места. Се наоѓа на прекрасна локација, на самото Јадранско море а во близина на стадионот има и станица за разни морски пловила. Изграден е во 1913 година и е втор најстар стадион во цела Италија.

Како била изградена Венеција

Она што е пофасцинантно од тоа како денес изгледа и е зачувана Венеција, е тоа што таа е изградена пред повеќе од 1.000 години на некои си над 100 помали острови, со набивање колци во земја кои и ден денес го држат градот на површина.

Нереална сцена од италијанско, 1999-та

Каљари и Венеција ова коло се сретнаа во Серија А за прв пат по 22 години и одиграа 1:1. Јак клип се врти на Твитер од таа нивна средба, одиграна на 26 септември 1999-та. Тицијано Де Падре vs Фабио Билика. Измислено за меме.

Венецијански филмски фестивал 2021: филмовите за коишто се зборува

Најстариот филмски фестивал во светот (првото издание датира од 1932) отсекогаш имал големо влијание врз иднината на светската кинематографија. Што нуди оваа година?

Супер гол на Елмас на отворање на Серија А

На стадионот „Диего Армандо Марадона“, Наполи иако со играч помалку уште од 23' минута по директниот црвен картон кој го доби шпицот Осимен, успеа во вториот дел да го скрши отпорот на Венеција. Капитенот Инсиње во 56' минута промаши пенал, но беше прецизен само шест минути подоцна исто од пенал. Елиф Елмас ја запечати победата во 73-та минута со сјаен гол на отворање на новата сезона во Серија А.

Венеција спасена од тиранијата на крстосувачките бродови

Италијанската влада ја прогласи лагуната околу Венеција за национален споменик, со што во пракса во водите на Венеција им се забранува пристап на гигантските крстосувачки патнички бродови.

Фантастична прослава во Венеција за пласман во Серија А после 19 години

Конечно после скоро две децении во најдобрата италијанска лига се враќа симпатичниот клуб од еден од најубавите европски градови.

„Госпоѓица Маркс“ - нов филм за најмладата ќерка на Маркс

Била активистка, преведувачка, феминистка. Од друга страна не можела да се извлече од нешто што денес би го нарекле „токсична врска“ и трагично завршила. На Еленор Маркс ѝ е посветен нов филм кој се прикажува на тековниот Венецијански филмски фестивал.

Како еден музејски водич влијаел врз расните гледишта на Марк Твен

Додека престојувал во Венеција пишувајќи ја книгата која ќе стане негов мемоар-бестселер, писателот се сретнал со афро-американски експерт за уметност - средба која засекогаш ќе го промени неговиот начин на пишување во врска со расните поделби.

Кафана се сака и кога ѝ е најтешко

Жители (и туристи) на Венеција крајно не ги занима дали „иде Дунав“ или не. Имаат луѓето приоритети во живот. Исто, браво за кафанџијата што е отворен, ама според чизмите на персоналот и гостите, не му е ова прва поплава.

Оди трчај да те видам на маратонов во Венеција

Топлото време не може да им биде добар сојузник на маратонците, ама ниту пороен дожд. Викендов во Венеција природата си поигра со учесниците кои не знаеа дали да продолжат со трчање или со пливање. Маратонот на 42 км не се прекина. И покрај тоа што тука нема нормални услови за трка, првото место го освои Етиопиец.

Венеција до крајни граници не може да поднесе туристи

После квотите за туристи (и цени што знаат да изнемоштат цел буџет за одмор), и одделување на туристи од локалци, следниот чекор што Венеција го размислува за дојденците да ја олабават е - забрана за алкохол.

Уметнички семејни врски: најпознатите зет и шура на ренесансата

И сега веројатно си мислите - што ли беше тоа шура? Тоа е она што му бил Белини на Мантења, кој бил женет со сестрата на првиот.

Златната палма за најубава промоција на дрес оди во Венеција

Додека повеќето европски клубови се решаваат за стандардна, веќе видена промоција на новиот дрес за новата сезона, италијанскиот второлигаш Венеција се реши за нешто друго за гостинската варијанта.

Кафулето наречено сатар и туристите што не читаат ценовници

Турист прави цела драма на интернет откако за време на посетата на Венеција кафуле му наплаќа околу 50 долари за две еспреса и две газирани води од 0,25.

Туристи нон грата

За претстава колку на локалците им се смачени сите јабанџии што им шпартаат по град, замерката на противниците на планот на градоначалникот за ограничување на бројот на туристи што влегуваат во Венеција е дека тој не е доволно ригорозен.

Во Венеција се спрема суперклуб кој ќе им пркоси на сите

Во еден од најубавите градови на светот речиси 19 години нема прволигаш. Ретко кој го памети клубот кој некогаш играше во Серија А. Навивачите биле разочарани од разни ветувања, но на крајот на стадион ги вратил лукав американски адвокат со италијанско потекло.

Сеќавање на бекот на Венеција кој му одбрани пенал на Шевченко

На 7. ноември 1999 година, точно пред 18 години на крајот од мечот Милан - Венеција, голманот на гостите Казаца беше исклучен а неговиот тим во тој момент немаше веќе право на измени.

Маратонец победил откако другите ја утнале рутата

Италијанецот со африканско потекло Ејоб Фаниел победил на маратонот во Венеција по бизарниот момент во кој фаворитите на трката следеле мотор кој тргнал во грешна насока.