Фалкао го понижи европскиот шампион

Челси доби лекција по фудбал од освојувачот на Лига Европа, а Радамел Фалкао постигна хет-трик за едно полувреме и беше најзаслужен за победата од 4:1 со што Атлетико Мадрид го освои европскиот Суперкуп.

Радамел Фалкао докажа дека е еден од најдобрите напаѓачи во Европа. На Колумбиецот му беа потребни само 45 минути да постигне хет-трик и да го реши Суперкупот на Европа.

Фалкао ја затресе мрежата на Чех со прекрасен погодок уште во 7-та минута, а со уште една мајсторија во 19-та минута зголеми на 2:0. Колумбискиот „тигар" стигна до својот хет-трик пред заминувањето на одморот помеѓу двете полувремиња.

Во вториот дел Миранда зголеми на 4:0, а во 75-та минута Гери Кејхил го постигна почесниот погодок за разочарувачкиот европски шампион.

31 август 2012 - 23:08