Европско 2020 е првиот голем турнир во историјата одложен поради вирус

До пандемијата со коронавирусот, Европското првенство топ не го биело: Сите претходни 15 турнири оделе по план, ништо не го спречувало овој голем и вреден турнир. Преседан се случи оваа година.

Светските првенства и Олимпијади низ историјата страдале од светски војни, а Европското првенство е одложено само сега, откако УЕФА претходно донесе убав општо-европски формат со цел да го прослави јубилејот - 60 години постоење.

Ковид-19 опфати повеќе од 150 земји ширум светот и за последните две недели влијаеше на фудбалот многу повеќе дури и од првите месеци на Втората светска војна.

Во '40-те години во неколку земји фудбалските првенства воопшто не биле прекинати, а другите ги праќале своите репрезентации на пријателски натпревари ширум светот.

Глобално биле замрзнати само Светските првенства зошто во војна бил вовлечен целиот свет.

Во 1942 година Мундијалот требал да се одржи во Германија, а во 1946 година во Бразил. И двете Светски првенства биле одложени поради воениот виор ширум светот.

Бразилците така го организирале првото послевоено Светско првенство во 1950-та година.

ВО АНГЛИЈА СЕ БОМБАРДИРАЛЕ СТАДИОНИ, СЕ РУШЕЛЕ ТРИБИНИ, ФУДБАЛЕРИ ОДЕЛЕ НА ФРОНТ, АМА ФУДБАЛОТ НИКОГАШ НЕ ПРЕСТАНАЛ

После упадот на нацистичка Германија во Полска (1939 година), Англиската фудбалска федерација (FA) објавила одложување после три одиграни кола од првенството поради забраната за јавни собири. Тоа довело до гнев кај навивачите кои преминал во демонстрации.

Околу илјада професионални фудбалери биле во армијата, така што ФА со цел да се приспособи на условите на воено време, организирала седум регионални мини лиги, од 8 до 12 тима во секоја.

Државата забранила фудбалерите и навивачите да патуваат на места оддалечени повеќе од 50 километри а бројот на гледачи не смеел да прејде 8.000.

Но набрзо сите лимити биле пробиени зошто фудбалот создавал илузија на нормален живот во ненормални услови. 

Сер Том Фини, познат англиски фудбалер од тоа време, раскажал:

„Понекогаш дури на половина час пред почетокот беше нејасно дали мечот ќе почне, се чекаа гостински играчи. Но кога мечот почнуваше, сè освен фудбалот престануваше да постои. Љубовта на оваа земја кон фудбалот ги победи бомбите“.

Многу гледачи со себе носеле копачки, а неретко тренерите прашувале кон трибините кој знае добро да игра фудбал. За шест години војна дресот на Кристал Палас го облекле 186 играчи.

Познато е дека налетите на германските воени бомбардери врз англиските градови ги оставиле навивачите без стадиони.

„Олд Трафорд“ настрадал толку многу што Манчестер Јунајтед до 1949 година играл на стадионот на својот градски ривал Сити.

Исто било и со Арсенал во Лондон. „Хајбери“ многу настрадал во едно ноќно бомбардирање па „топџиите“ се преселиле да играат на „Вајт Харт Лејн“.

Драстично оштетен бил и „Вембли“ а кога работниците на стадионот „Стемфорд Бриџ“ нашле неактивирана бомба, им одговориле дека по цел Лондон има стотни такви неексплодирани гранати. Тогаш гранатата се охрабрил да ја тргне тренерот на Челси Били Бирел.

Речиси секој англиски клуб изгубил свој играч во војната. Најмногу настрадале Арсенал (8 загинати играчи) и Болтон (7). На многу англиски стадиони може да се видат спомен обележја со имињата на загинатите.

ВО ГЕРМАНИЈА ГРАЃАНСКИ И ВОЈНИ ЕКИПИ ИГРАЛЕ МЕЃУ СЕБЕ, ГЕБЕЛС ОРГАНИЗИРАЛ ПРОПАГАНДНИ НАТПРЕВАРИ ПРЕД ПОЛНИ СТАДИОНИ

Нацистичката власт во 1930-те години го присвоила фудбалот и му го дала статусот национален спорт број еден. И покрај тоа, ги забраниле еврејските, протестантските, католичките и православните клубови, а после Нирнбершките закони од клубовите ги бркале сите играчи од “наријско“ потекло.

Со почетокот на војната фудбалот во Германија продолжил. Денот на нападот на нацистите на Советски сојуз на 22 јуни 1941 година во Берлин се играло финалето на националното првенство меѓу Шалке и Рапид Виена. Австријците се присоединиле во германската лига после аншлусот.

Клубот од Виена победил 4:3 иако губел со 3:0 на почетокот на второто полувреме - се сметало дека Шалке имал 100% политичка поддршка и добил дури 3 пенали.

Фудбалот останал моќно оружје на пропаганда и германската репрезентација засилено барала противник кој ќе дојде во Берлин.

Повеќето државни првенства во Европа биле привремено стопирани, а Шведска која во тоа време била неутрална, после долги преговори се согласила да дојде.

100.000 гледачи се собрале на стаидонот. Швеѓаните победиле 3:2 а постои мит дека Хитлер урлал кон Гебелс кој бил иницијатор на тој меч.

После на барање на министерот за пропаганда Германија прекинала да игра на домашен терен, а после гостинска победа над Словачка, сите фудбалери биле пратени на фронт.

Набрзо Германија и Англија раздвоиле регионални лиги каде играле и граѓански но и воени клубови: Вермахт, Луфтвафе и СС имале свои тимови. Разликата во класа меѓу професионалните и аматерските клубови веќе била очигледна кога во 1943 година нацистичката власт ограничила движење на тимови и навивачи по региони, а многу фудбалери биле мобилизирани по загубите на Источен фронт.

Тие денови никој не се изненадувал ако некој меч заврши 10:1 или 15:3. Германија Мудерсбах го размонтирала Енген со 32:0.

Но дури и за време на сојузничките бомбардирања, фудбалот во Германија си терал по свое па така во 1944 година финалето на државното првенство меѓу Дрезден и Хамбург се одиграло и Дрезден славел со 4:0.

17 март 2020 - 17:25