Таг: фудбал

„Мрачни голови“: кога фудбалот се користи за политички цели

Нова книга (ноември 2022) на Лусинао Вернике претставува детална анализа на најекстремните случаи на политичка злоупотреба на фудбалот. Почнувајќи од првото Светско првенство во Уругвај, авторот нè запознава со цела лепеза озлогласени личности кои сметале дека токму фудбалот ќе им помогне во одржувањето на моќта.

Алберт Ками: „Она што го знам за моралот и одговорноста му го должам на фудбалот“

Во студентските денови Ками бил голман на јуниорскиот тим на алжирски спортски клуб кој обединувал повеќе дисциплини. Запишаните сведоштва од тоа време велат дека писателот бил прилично добар, иако не и сјаен играч. Сепак, секоја година британското здружение „Филозофски фудбал“ (формирано според славниот скеч на Монти Пајтон) продава над 5000 дресови со една негова славна изрека поврзана со фудбалот.

Хорхе Луис Борхес: „Фудбалот е популарен, ама исто и глупоста“

Аргентина, како и голем број други земји е луда по фудбалот, но истовремено и длабоко социјално поделена. Насилството е рутински дел од натпреварите, нешто што Борхес, самиот Аргентинец, го нарекол „ужасна идеја на супермацијата“. Нему му било тешко да ја оддели навивачката култура од самата игра, па еднаш изјавил - секако на ужас на неговите сограѓани - дека фудбалот и глупоста се исти, затоа што обете се популарни.

Сам себе го фаулирал

Дечкото се вика Денис Јапел и настапува во германска регионална лига, каде меѓу другото се игра на стадиони со сериозни бетонски ѕидови. Јапел е добар, ама за секој случај е пренесен во болница.

Фудбал во прво лице

Ова нешто се вика „MindFly“ и е најмалата камера што некогаш била закачена на спортист, и врши пренос од натпреварот од гледна точка на фудбалерот.

Приказна за фудбалот на Гибралтар: Имаат клуб кој чудесно влезе во Лига на Конференции

Фудбалско сценарио за филм ни дојде од една ептен симпатична прекуморска територија околу која со векови се тегнат Британија и Шпанија. Има 29 и кусур илјади жители и фудбалот го играат со срце.

Еврогол за кој нема соодветен опис

Да кажеш надреален, нереален, невозможен, пак нема да го доловиш. Во втора лига на Чиле, Депортес Лимаче со 0:3 ја совлада Иберија. Шпицот на гостите Гонзало Абан даде два гола од кои едниот е стварно...

Стадионот во Кабул - место за фудбал и за јавни погубувања пред натпреварите

Во Авганистан веќе ништо не е исто како претходно, па така ни фудбалот, игра која до пред неколку години била многу популарна а репрезентацијата напредувала доста на ФИФА ранг листата.

Деби од соништата за глувиот талентиран фудбалер кој научил да чита од усни

Необична приказна ни доаѓа од Јужна Америка (а зарем има нешто обично кога фудбалот и овој континент се во прашање?!).

Уметник го слави учеството на Шкотска на ЕП со шарени фудбалски топки

Додека се фарбаат личат на бомбици прелиени со шарен сос. Инсталацијата на фудбалски топки на еден шкотски уметник е посветена на пласманот на неговиот национален тим на ЕП, прв пат по цели 20 години.

Тотален хаос во Ј. Америка, Колумбија и Аргентина кренаа раце, Копа Америка во Бразил

За 13 јуни е закажана Копа Америка, најголемиот турнир на континентот Јужна Америка, пандан на Европско првенство, но за разлика од Стариот континент, таму е тотален хаос со организацијата.

Трауми од детството со топка во двор со куче

Се случувало топката да отиде кај комшија кој пред неколку дена ви свикал дека следен пат со нож ќе ја распара ако му стигне во негов посед пошто му сметала галама. Ама позезнато е ова низ што проаѓаат овие дечки на видеово. Оди па биди храбар да те видам ко ќе се залета Рекс од таму лут ко стрела.

Гром погоди млад руски фудбалер на тренинг

На стадионот на рускиот клуб Торпедо Москва, за време на тренинг на еден младински тим, гром удрил во младиот голман Иван Заборовски кој тренирал на страна од другите. Видеото покажува како сите се стрчуваат кон него, а прва помош му пружил тренерот Иван Басов кој му го масирал срцето и му дал вештачко дишење. Младиот фудбалер бил хоспитализиран и е во добра состојба.

Кучето што може да игра стопер

Па да, можеби не разбира некои дриблинзи, не му се јасни движењата, ама за него важи онаа народната „топка проаѓа, човек не“. Оди дрибни го да те видам.

Кога се гледаше фудбал со комшии пред зграда, пред куќа, на улица

Фудбал нема повеќе од еден месец (освен во Белорусија и Таџикистан) и сега сфаќаме колку важен дел од животот пред коронавирусот беа директните преноси од натпреварите.

Врти-сучи, има нешто од фудбал за гледање

За оние на кои најмногу им недостигаат фудбалските натпревари, има нешто колку да не се без ич. Топката се тркала уште во австралиската А-Лига и во Белорусија. Турците најверојатно ќе донесат разумна одлука за прекин.

Пред 11 години светот прележа панедмија на свински грип, и тогаш имаше заболени фудбалери

Пандемијата со коронавирус не е прв ваков случај во ХХI век. Во 2009 година светот веќе преживеа моќна инфекциска болест: свински грип зафати повеќе од 200 земји, го стопираше спортот и посеа страв во светот.

Европско 2020 е првиот голем турнир во историјата одложен поради вирус

До пандемијата со коронавирусот, Европското првенство топ не го биело: Сите претходни 15 турнири оделе по план, ништо не го спречувало овој голем и вреден турнир. Преседан се случи оваа година.

Британија ќе забрани деца под 12 години да играат фудбал со глава

Фудбалските асоцијации на Англија, Шкотска и Ирска ќе воведат нови правила за младинските категории според кои играњето со глава на тренинзи ќе биде забрането за сите играчи под 12 години.

Фудбалот во Бразил го играат дури и свештенички

И тоа добро го играат, не само ради реда. Со многу осет за топка, за простор, за спротивната страна. Секоја чест. Играат далеку подобро од некои машки.

Во Иран после 40 години жените ќе можат слободно да одат на стадион

А за вакво нешто да се случи, требаше стотици млади девојки и жени да бидат приведувани, претресувани и апсени, а една девојка и да се сапозапали откако била осудена што влегла на стадион.