Ерик Тохир за Хернанес научи латински поговорки

Пред една година, претседателот на Интер дебитираше на трансфер пазарот и склучи зделка со Клаудио Лотито, царот на бесконечните преговори.

Никогаш до крај не можеш да се сметаш претседател на еден италијански клуб од Серија А, ако барем еднаш не си преговарал со Клаудио Лотито. Требаше да му го кажат тоа на Ерик Тохир, сингапурскиот магнат кој стана претседател на Интер, наместо Масимо Морати.

По ангажманот на Д’Амброзио од Торино, Тохир веќе следниот ден требаше да го купи и Хернанес од Лацио. Бразилецот важеше за најдобриот играч на Лацио и Лотито не сакаше туку така да се откаже од него, како и од било кој друг фудбалер.

Во тој период Ерик Тохир сакаше да ја добие поддршката од навивачите на Интер и реши да го отвори новчаникот. Клаудио Лотито за Хернанес побара 20 милиони евра, Сингапурецот се согласи и кога изгледаше дека сите страни се задоволни и кога Бразилецот се поздравуваше со колегите од Лацио, Лотито даде изјава во негов стил.

„Хернанес? Не ми изгледа дека е продаден. Ова се чаршиски муабети“. Во тој момент Тохир сфатил зошто Јувентус се повлекол од трката за потпис на Хернанес.

Во 20:30 часот на 31. јануари, Лотито конечно прифати да го продаде напаѓачот, а Тохир се појавуваше во разни кошули на прес конференциите, очигледно препотен од преговорите со тешкиот Лотито. Истата вечер Интер објави дека Хернанес е нов член на клубот , а Сингапурецот Тохир во меѓувреме изјави дека добро ја сфатил латинската поговорка “repetita iuvant” или повторувањето е мајка на знаењето, затоа што не научил ништо од претходните зделки на Лотито.

25 јануари 2015 - 12:59