Епски расказ на Дрогба за силата на волјата - како освоил Лига на шампиони

Ретко кој не го памети финалето на Лига на шампиони во 2012 година. Дури и ако не сте навивале за Челси или за Баерн, такви натпревари се врежуваат во сеќавање толку силно што дури после 10 години може да се сетите кој дал гол, кој не погодил пенал и кој беше јунак на мечот.

Таквите финалиња се посебни. Како она во Истанбул меѓу Ливерпул и Милан.

Посебен е и расказот на Дидие Дрогба чие сеќавање на тој пат до трофејот треба да го прочита секој млад спортист.

Во мај 2012 година Дрогба конечно дочека да му се израдува на највредниот трофеј иако во март не можел да замисли такво нешто.

„Во март 2012 година Виљаш-Боаш беше отпуштен, и ние играчите свикавме состанок за цела екипа на која признавме дека и ние сносиме одговорност за отказот на Боаш.

Воглавно зборуваа капитенот Џон Тери, Френк Лампард, Петр Чех и другите лидери на екипата. Решивме да тргнеме кон пехарот во Лига на шампиони со сите сили и покрај тоа што во првиот меч од 1/8 финалето Челси изгуби 3:1 од Наполи.

Осум години. Цели осум години го бркавме овој трофеј и никако не можевме да го освоиме. Сè што направивме во тоа време беше финалето во 2008 против Манчестер Јунајтед (пораз на пенали). Сите играчи се согласија да дадеме сè од себе еден за друг за една иста цел - да освоиме ЛШ.

После тој состанок, му пријдов на 23-годишниот Хуан Мата кој изгледаше вознемирено и му реков: „Те молам, мајсторе, помогни ми да освојам Лига на шампиони“.

Ме погледна чудно: „Ти си луд, па ти си Дидие Дрогба, ти можеш да ми помогнеш да освојам, не јас на тебе!“ 

Тогаш му реков: „Овде сум осум години и ниеднаш не освоив Лига на шампиони, така што верувам дека баш ти ќе ни помогнеш да освоиме. Ќе ти купам дури и убав поклон ако освоиме“.

Овој разговор беше во март. Поминаа три месеци и ние бевме во Минхен, во финале на Лига на шампиони, против Баерн на нивен стадион, преполн со нивни навивачи.

Милер даде гол на осум минути до крајот. Јас бев обесхрабрен и неколку минути просто не можев да си дојдам на себе. Тогаш тој млад човек ми кажа: „Верувај, Диди, мораш да веруваш!“.

Со насолзени очи му одговорив: „Да верувам во што? Се е готово, ќе плачам како пред неколку месеци кога изгубив во финале на Куп на Африка со Брег на Слонова Коска.

А после настапи последната минута. Корнер. Прв наш корнер наспроти 18 на Баерн Минхен. Погодете кој го изведе тој корнер. Хуан Мата. Останатото е историја.

Овој можеби најфамозен корнер во едно финале во гол го претвори Дидие Дрогба буквално во 88' минута кога сè делуваше готово за Челси. Мечот отиде во продолженија каде немаше нови голови па на пенали Челси славеше 4:3 и го освои првиот пехар во Лига на шампиони во клупската историја.