Еибар шампион, Барселона во втора лига

Така некако би се пишувале насловите ако се бројат головите само на шпанските фудбалери во Ла Лига.

Премиер лигата често е критикувана за негативното влијание врз англиската репрезентација, поради праксата да се увезуваат многу фудбалери од странство. Сличен проблем имаат и Италијанците за кои пишувавме овие денови.

Пред само три години, Барселона за прв пат во својата клупска историја се појави на терен со 11 играчи кои потекнуваат од нивната фудбалска академија. Сега работите се драстично сменети.

Шпанците од Камп Ноу по првите 11 кола оваа сезона имаа постигнато само еден гол и се наоѓаат на последното коло на табелата со 6 порази, 5 нерешени и ниту една победа.

Слаба застапеност на домашни фудбалери има и во Реал Мадрид кои со нивниот придонес, Кралевите би биле на 12-та позиција на табелата со само две победи. На долниот дел од табелата во би се нашле и другите два учесника во ЛШ, Атлетико Мадрид и Севиља.

Со головите на шпанските фудбалери, на прво место е клубот со најмал стадион и најмал буџет кој заиграл во првата шпанска лига.

20 ноември 2015 - 13:16