Ефектен автогол во полуфинале на Светско

На Мундијалот за жени во Канада, селекцијата на Јапонија се пласираше во финалето откако ја совладаа Англија 2-1 со автогол во 92. минута од мечот.

Јапонија најпрвин поведе преку Мијама во 33. минута од пенал досуден за фаул надвор од шеснаесетникот. Во 40. минута Вилијамс израмни на 1-1, а Јапонките славеа во 92. минута откако Бејсет си даде ефектен автогол. Финалето САД - Јапонија се игра во недела, а за бронзата ќе играат Германија и Англија.

Фаулот за пенал за Јапонија:

Најинтересните моменти од мечот:

2 јули 2015 - 10:31