Два гола на Малиновски кој се молеше пред камера за Украина

Тешка ноќ за украинските фудбалерите, кои додека се бореа синоќа на терен, со мислите беа кај својот народ. Еден од нив беше украинскиот репрезентативец Руслан Малиновски.

Фудбалерот на Аталанта му даде два гола на Олимпијакос во второто полувреме и тоа во рок од 3 минути со што ја запечати победата од 0:3.

За италијанскиот тим тоа значи пласман во осминафиналето од Лига Европа, а за Малиновски многу емотивен момент.

Спремен со порака под маица и насолзен во очите, Украинецот молеше за мир после првиот гол.

Вториот му беше голчиште

25 февруари 2022 - 08:02