Дрогба играше жмурка

Фудбалерот на Челси беше еден од најзаслужните за елиминацијата на Наполи, но во еден момент се обиде да одглуми прекршок и се посрами.

Дидие Дрогба постигна еден од головите и одигра одлична партија за Челси при елиминацијата на Наполи од осмина-финалето на Лигата на шампиони.

Сепак добриот впечаток малку го наруши кога се обиде да одглуми прекршок од Салваторе Ароника. По падот на тревата тој си играше жмурка со судијата и ѕиркаше да види дали му успеала намерата. Кога виде дека не му успеало, тој продолжи да жмури со болна гримаса.

15 март 2012 - 09:41