Девет ретро фотки со Фергусон

Можеби некој прв пат слуша дека шкотскиот легендарен стратег е прв кој загубил работа преку судење, а инаку со Абердин во финалето од Купот на куповите на победниците го совладал Реал Мадрид.

Ноември 1978

Ферги во Глазгов станува првиот тренер кој е отпуштен преку суд, тврдејќи дека тоа е неправедно. Газдата на Сент Мирен Вилијам Скот изјави на суд дека Фергусон е отпуштен поради неправилно извршување на своите должности. Случајот го доби Сент Мирен

Мај 1983

Славје како тренер на Абердин во Купот на куповите на победниците откако во финале го победи Реал Мадрид.

Јуни 1983

Горд тренер на Абердин, еден месец по освојувањето на Купот.

Јуни 1986

Фергусон како селектор на Шкотска на Мундијалот во Мексико 1986.

Ноември 1986

Со шалот на Манчестер Јунајтед почнува неговата ера на Олд Трафорд.

Ноември 1986

Првата прес конференција на Олд Трафорд со претседателот на Манчестер, Мартин Едвардс.

Ноември 1986

Еден од првите мечеви како тренер на Манчестер

Ноември 1986

Ферги со своите соработници на мечот против Оксфорд Јунајтед кој го загубија со 2:0. Работата за малку ќе ја загубеше поради овој резултат.

Април 1991

Ја покажува контролата на топката за време на тренинг на Манчестер Јунајтед.

3 февруари 2016 - 10:00