Дете од Радовиш скокна на терен за да се слика со ѕвездите на Јувентус

Страста за најтрофејниот италијански клуб нема граници и кај нашите навивачи. 15 годишниот Наце Васев има многу за фалење кај другарите.

Наце е роден во Италија и живее во Радовиш, а викендов имаше чест да го гледа дербито меѓу Јувентус и Интер.

На Алијанц стадионот беше фамилијарно преку македонскиот фан клуб на Јувентус кој има пристап до карти.

Резултатот не му се потреви, заврши 1:1, но вечно ќе ја памети оваа средба. 15 годишниот Наце горел од желба да се слика со играчите на Јуве и на крајот решил да скокне на терен.

Има селфи со Гати, Влаховиќ и Костиќ и не само тоа, туку и си лапнал дрес од Локатели.

Имал малку фрки за прекршокот што го направил, ама на крај минал без последици. Има и видео од моментот со кое ќе се фали кај другарите. Каква храброст.

Инаку Наце е еден од учесниците на кампот на Јувентус кој пред пет и пол години за прв пат се одржа во Скопје.

28 ноември 2023 - 14:39