Беше ли Оливер во право?

Навивачите на Јуве и Реал очи ќе си извадат на Фејсбук за тоа дали имаше или немаше пенал врз Роналдо. Ситуацијата е спорна, размислувањата се поделени, па дури и на неутралните навивачи и на експертите.

Навивачите на Јувентус објавуваат слики од моментот со кои тврдат дека Бенатиа оди на топка и не го фаулира Лукас Васкез.

Оние на Реал го тврдат спротивното со видео

Ситуацијата од повеќе агли

Тешко е да суди човек особено во една ваква трилер завршница. Еве што вика навивач на Манчестер Јунајтед кој смета дека и со помош на ВАР ќе беше проблематично да се донесе вистинската одлука.

Инаку на 33 годишниот арбитар Мајкл Оливер душа му извадија со тролови. Еден од нив гласи вака:

„Нашиот татко е фер и искрен човек, рекоа неговите синови Раул, Икер, Зидан и Роналдо“.

12 април 2018 - 09:20