таг: пенал

Капитенот кој 10 години не промашил пенал

Се вика Чаби Прието и е легенда на Реал Сосиедад. Човекот откако влегол во првиот тим во 2003-та, до денес дал 22 гола од пенал од 23 обиди. Промашил само еднаш против Билбао во 2007-ма. Тимот на Сосиедад во последните осум сезони промашил само еден пенал кога во 2012 Иманол Агирече утнал против Бетис. Повеќе

Како голманот на Џенова му го одбрани пеналот на Интер

Многу славни фудбалски имиња не успеаа да го совладаат Еуџенио Ламана, кој викендов откри како му ја фатил на Кандрева, момент кој го уловија и камерите. Повеќе

Судиска одлука во Њукасл за која долго ќе се зборува

Њукасл играше против Бартон и доби пенал во 32’ минута. Мет Ричи го изведе и даде гол, но судијата Кит Струд не само што го поништи пеналот поради тоа што некој играч пред време влегол во шеснаесетникот, туку не досуди ново изведување и топката им ја врати на гостите. Повеќе

Аматерско судење во австралискиот фудбал

Фудбалерите на Бризбен кои го елиминираа Тевез од квалификациите во Азиската ЛШ, се соочија со пораз за кој имаат право да се жалат до сите релевантни инстанци. Апсурдот се случи во 95-та минута кога играч на Аделејд Јунајтед фалеше уште малце на ушка да му се качи на голманот, а потоа фати да глуми пенал. Повеќе

Што има во англиска шеста лига никаде нема

Во судиско продолжение: 3 гола, пенал и црвен картон за тотален пресврт во две минути. Дуелот е од шестата англиска дивизија а победник е домаќинот Бат Сити. Повеќе

Виетнамска реакција по досуден пенал

Што се случува во Виетнам кога при резултат 2:2 на домаќините на крајот од средбата им судат пенал? Гостите не ја прифаќаат судиската одлука и се фрлаат на протест до крајот на мечот со неиграње. Во судиското продолжение примаат три гола и губат 5:2 Повеќе

Зошто некој би правел ваков апсурден фаул во 93-та кога губи 5:2?

За време на последните секунди од синоќешниот дуел во Копа дел Реј меѓу Барселона и Реал Сосиедад, гостите губеа 5:2, а на првиот дуел загубија 1:0. Во една таква ситуација ги сожали и судијата кој не свирна чист пенал врз Меси, а не извади ниту картон на прекршокот кој му претходеше на недосудениот пенал. Тотално непотребен фаул за кој се добива црвен. Повеќе

Историски момент во фудбалот, првпат досуден пенал по видео снимка

На Светското клупско првенство кое во моментов се игра во Јапонија, на мечот Атлетико Национал - Кашима, унгарскиот судија Виктор Кашаи реши да прегледа забавена видео снимка од еден дуел и да досуди пенал врз основа на виденото. Ова е историски момент и првпат на официјален меч се користи забавена видео снимка. Повеќе

Ако сакате да изведете финтаџиски пенал

Легендата на Свонси Сити, Ли Трндол ги запрепастува гледачите во втората велшка лига каде на 40 години го носи дресот на неговиот матичен клуб, второлигашот Ланели Таун и прави чуда по терените. Повеќе