Баерн е настинат, го шина Шалке 8:0 на старт на сезона

Само месец дена поминаа откако ја попарија Барселона со 8:2 во полуфиналето на ЛШ. Кога се одморија, кога се вратија на подготовки, кога истренираа за да се вратат во форма и повторно да експлодираат на ист начин.

Баварците како шампиони на Германија и освојувачи на тројната круна, новата сезона во Буднеслига ја отворија петочки со шоу во кое учествуваа Серж Гнабри со хет-трик, Леон Горецка, Роберт Левандовски од пенал, Томас Милер, Лирој Сане со деби гол и Џамал Мусала.

Ај вака:

- Ова е највисоката победа во прво коло во историјата на Бундеслигата. Претходно рекордот го држеше знаете кој? Па Баерн, кога во 2016-та го совлада Вердер 6:0.

- Со 17 години, 6 месеци и 23 дена Џамал Мусала стана најмлад стрелец за Баерн во Бундеслигата.

- Имаат 23 победи по ред на сите натпреварувања

- Последен пат Баварците не успеале да слават на 9 февруари кога одиграле без голови против Лајпциг. Од тогаш имаат 31 победа и едно реми.

- Левандовски стана прв играч во историјата на Бундеслигата кој стрела против еден ист клуб на 10 меча по ред.

- Последниот пораз им е на 7 декември лани од Борусија Менхегладбах.

19 септември 2020 - 08:39