Каде лежи зајакот?

Атлетико истрчал 12 километри повеќе од Барса

Борбениот и издржлив дух на Атлетико Мадрид се отсликува и преку податокот дека синоќа Јорганџиите истрчале 114,6 километри вкупно а играчите на Барселона 102,6. Меси најмалку истрчал.

Еден од „непознатите јунаци“ од Атлетико Мадрид е кондициониот тренер на екипата, Ортега. Тој е најзаслужен за крајните физички дострели на тимот од Висенте Калдерон. Против Барселона, на реванш мечот од четвртфиналето на ЛШ кој Атлетико го доби 2:0, избраниците на Симеоне истрчале дури 12 километри повеќе од оние на Луис Енрике и веројатно тука лежи клучот на успехот на домаќините.
 
Средината на теренот на црвено-белите делуваше како непробоен ѕид, пред сè поради фактот што Габи истрчал 11,8 километри, Аугустус 11,4 км, Коке 12,2 км и Саул 12,1 км, пишува АС. Ништо помалку не издишале ниту Гризман со 11,4 и Хуанфран со 9,9 километри.
 
Кај Каталонците најмногу истрчале Жорди Алба со 10,9, Бускетц 11.0 км и Иниеста 10,2 км. Само тие тројца истрчале над 10.000 метри, додека Лионел Меси синоќа истрчал само седум километри, најмалку од сите играчи на теренот. Просечната дистанца на Барселона сезонава во ЛШ беше околу 106 километри по натпревр, момент кој значително опаднал на реваншот во Мадрид.
 
Каталонците имаа поголем посед на топка со 72% од 58 активни минути игра и многу повеќе успешни додавања од противникиот (Атлетико имал 118 точни пасови, Барса 591).
 
Дали трчањето беше одлучувачки фактор за пласманот на Атлетико во полуфиналето или не, во секој случај Баерн, Сити и Реал Мадрид ќе го имаат тоа во предвид. А до тогаш Профе Ортега ќе мора да ја сочува магичната формула.