ЛЕ: Рома - Феенорд, Ливерпул - Бешикташ

По ждрепката за ЛШ, се извлекоа и паровите за нокаут фазата во Лигата на Европа. Бранителот на трофејот, Севиља ќе игра против Менхенгладбах, Интер против Селтик, а Тотенхем против Фиорентина.

Лига на Европа е шестото по ред натпреварување кое се игра под ова име, претходно познато како Куп на Уефа. Во ЛЕ учествуваат 195 тимови од 54 држави, а титулата сезонава ќе ја брани Севиља, која лани ја победи Бенфика на пенали во Торино. По одлуката на УЕФА, победникот на Лига Европа ќе обезбеди директно учество во групната фаза на ЛШ следната година.

Првите натпревари од 1/16 финалето ќе се одиграат на 19 февруари, а реваншите недела дена подоцна, на 26 февруари. Финалето ќе се игра на 27. мај следната година на стадионот Народови во Варшава.

Парови од 1/16 финалето во ЛЕ:

Јанг Бојс - Евертон
Торино - Атлетик Билбао
Севиља - Борусија Менхенгладбах
Волфсбург - Спортинг Лисабон
Ајакс Амстердам -  Легија Варшава
Алборг - Клуб Бриж
Андерлехт -  Динамо Москва
Днипро -  Олимпијакос
Трабзонспор - Наполи
Генгам - Динамо Киев
Виљареал - Салцбург
Рома - Феенорд
ПСВ - Зенит Санкт Петерсбург
Ливерпул - Бешикташ
Тотенхем -  Фиорентина
Селтик - Интер

Обложувалниците веќе ги истакнаа коефициентите, според кои најголеми фаворити за освојување на трофејот се Рома, Наполи, Ливерпул, Евертон и Тотенхем. Со најмали шанси според букмејкерите се Алборг, Јанг Бојс, Феенорд, Днипро и Трабзонспор.