Таг: бешикташ

Абубакар против тројца им одигра како Меси

Се сеќавате ли Камерунецот Винсент Абубакар што му направи на Вања Милинковиќ Савиќ на Мундијалот во Катар? Дечкото е роден за спектакуларни завршници. Погледнете го како мајсторски одигра синоќа против Динамо Киев, за победа на Бешикташ од 1:0 и пласман во групната фаза од Конференциската лига.

Ајакс ита кон осминафинале, Интер повторно не успеа да победи

Фудбалерите на Ајакс бележат перфектен старт по првите две кола во ЛШ. Петарда во Лисабон против Спортинг, па триумф над Бешикташ за прво место во групата Ц. На Интер му се компликува патот до нокаут фазата, бидејќи по поразот на домашен терен од Реал, одигра само 0:0 на гости во Украина.

Голчиште на Балотели, луд кам бек и одмазда за тренерот на Бешикташ

Бешикташ и Адана Демирспор приредија драматичен натпревар на кој турскиот првак не успеа да победи и по убедлива предност од 3:0. Гостите израмнија во 97-ма, а еден од главните протагонисти беше Марио, кој добро и што не изеде ќотек.

Фан на Бешикташ ги изнасмеа навивачите на ПСВ на меч против Галатасарај

Со хет-трикот на Захави и двата гола на Марио Геце, ПСВ го потепа Галатасарај со 5:1 во квалификациите за ЛШ. Навивач од трибини во еден момент ја фати топката и направи шоу мавтајќи со шал од Бешикташ.

Само Турците имаат ваков лудачки карамбол во 93-та

Пазете ја сценава. Еден ја брани со гради во паѓање, па вториот со кук, а потоа голманот се џитка со глава и гаѓа свој играч со топката. И тоа ова сето ова случува во судиско на гол линија. А да е само тоа. Толку е хаосот голем што на крај на видеото има објаснување до детаљи кој што правел во шеснаесет. 

Тренерот на турски Бешикташ и вакцината

Тренерот на лидерот во Турција, гигантот Бешикташ, Серген Јалчин дошол на ред да се вакцинира. Ама викаше мислиш со нож го боцкаат а не со вакцина.

Ти на мене снимка од мобилен, јас на тебе црвен картон

Во меч од 15. коло од турската Супер лига, Бешикташ со 3-0 го совлада Сиваспор и ја продолжи трката за самиот врв со Галатасарај. Гостите на полувремето останаа без Хакан Арслан кој се правеше паметен па на судијата му покажуваше снимки од мобилен телефон за спорни ситуации.

Туку го видовте ли голот на Домагој Вида за Бешикташ?

Со неколку добри резултати, Бешикташ фати приклучок кон самиот врв во турската Супер лига. Во неделата со 4-0 го совладаа Бујукшехир Ерзурумспор. Претпоследниот погодок на мечот го даде хрватскиот стопер Домагој Вида. Голиште!

Во 1986-та судија му дал гол на Бешикташ и му земал бод вреден титула

Во сезоната 1986/1987 борбата за титулата во Турција била како и речиси секоја година - жестока. Шампион станал Галатасарај со 54 бода, а Бешикташ имал 1 бод помалку.

Мислите само во мак фудбал се игра со две топки?

Стефан може да здивне малку, бидејќи не е единствен во глупоста со која се прослави и себе и Академија Пандев и нашиот кутар фудбал. И во турската прва лига имало ист таков бисер, а го направил Холанѓанецот Рајан Донк како играч на Касимпаша на меч против Бешикташ во 2013-та.

Клупска фотографија на Бешикташ една година по Чернобил

Фотографијата е направена во 1987-ма после гостување со Динамо од Киев, кој инаку се наоѓа на 140 км од Чернобил. 

Турците го избраа голот на сезоната

Колегата на Елмас, Хасан Али Калдарим го доби признанието за најубав гол на сезоната 2018/2019 во турскиот фудбалски шампионат. Се работи за левица испукана како од топ со која му израмни на Бешикташ на 3:3. Џабе се џиткаше голманот.

Да си ја сошиете мрежата и да ми го признаете голот

Понеделник обично е тапа ден за фудбал, ама не и за Турците. Ризеспор и Бешикташ одиграа натпревар со дури 9 голови, а за прв пат стигна помош од ВАР поради скината мрежа. Три евроголови за гледање од кои два на Љаиќ.

Малиот од Бешикташ што даде ист гол како Бејл против Барса

Финалето на шпанскиот Куп 2014 ќе се памети по акцијата на Герет Бејл кој му измеша памет на Марк Бартра од Барселона и во 85’ минута даде прекрасен гол после неверојатен трк. Исто такво направил и Гуркан Варлик, играч на Бешикташ U-17 а во улога на Бартра било бекче на Ризеспор.

Лажеш к’о Бурак Јилмаз

Ако некогаш ви побараат да најдете сушта спротивност на Паоло Малдини или Франческо Тоти, вие кажете му Бурак Јилмаз.

Турски карамбол со турски коментатор, добитна комбинација

Бешикташ синоќа го окрка дома од Малме, шведскиот тим кој лани беше елиминиран од Вардар во квалификациите за ЛШ, а имаше една ситуација, типично турска која најмногу има шмек да се гледа со турски коментатор. Лудница пред гол.

Металург промаши 5 пенали и изгуби тесно од Бешикташ

Ракометарите на Металург го претрпеа и седмиот пораз во Лигата на шампионите, откако во осмото коло од групната фаза изгубија од Бешикташ со само еден гол разлика: 23-22.

Триумф на Лацио во Марсеј, три шпански екипи дадоа 13 гола

Откако Бетис победи на Сан Сиро 1:2, подоцна вечерва шпанските клубови ја докажаа доминацијата во Европа. Севиља му даде шест парчиња на Акхисар, а Виљареал „петарда“ на Рапид Виена.

Кариус ти не треба да браниш повеќе

Човекот кој му го уништи финалето на Ливерпул во Лига на шампиони против Реал Мадрид, продолжува да се брука и во Бешикташ. Малме го совлада турскиот состав со 2:0, а германскиот голман месечареше на првиот гол.

Најјаките моменти од дербито на Истанбул

Пред околу 50.000 гледачи Фенербахче и Бешикташ одиграа 1-1. Гостите поведоа со прекрасниот гол на Рајан Бабел во 39’ минута а Фенер израмни со идентично убав гол на Андре Ају со глава во 71’ минута. Нашиот Ељиф Елмас влезе во игра во 56’ минута.

Бешикташ се прошета низ Скопје, нов пораз за Металург

Иако Бешикташ важеше за фаворит на овој меч, се очекуваше Металург да пружи поголем отпор и да биде тврд орев. Наместо тоа тимот од Автокоманда не најави дека излегол од слабата форма која трае од стартот на натпреварувачката сезона.

Турскиот фудбал го стегна каишот и веќе не купува суперѕвезди

Пред пет дена во Турција заврши најбедниот преоден рок во последните 11 години. Клубовите потрошиле вкупно 49 милиони што беше „мачкина кашлица“ во изминатите сезони - лани потрошија 110 милиони, а 10 години по ред потрошените пари за трансфери не оделе под 60 милиони евра.

УЕФА го казни Бешикташ зошто мачка се појави на сред терен

Никој не знаел од каде влегла и истрчала баш на теренот додека Бешикташ и Баерн Минхен играа во нокаут фазата од Лига на шампиони.

Судија полека малце, два фаули направи

На мечот Бешикташ - Кајзериспор 2:0, синоќа имаше два црвени картони, ама црвен заслужи и тој што ги дели картони, бидејќи беше крајно несмасен и фаулираше по еден играч од двете екипи во иста акција. Смешки.