Таг: лига на европа

Бројки за БАТЕ од кои Арсенал треба многу да се срами

БАТЕ Борисов го гледавме на Градски за 100-ка во 2012-та кога го елиминираше Вардар во квалификации за ЛШ. Имаат тим кој не вреди ни пола од неделната плата на Озил, а ги победија. Бруки брукосани. Ако не ги тепаат дома минимум 2:0 нека се убијат.

Сите меѓусебни дуели на двојките од ЛШ и ЛЕ

Четири од вкупно осум двојки во двете клупски европски натпреварувања ќе ги гледаме за прв пат во четвртфиналињата. Лестер нема ниту една победа против Атлетико Мадрид, а на останатите три двојки Баерн Минхен, Јувентус и Манчестер Јунајтед се малку поуспешни низ историјата во меѓусебните дуели.

Днипро победил за украинската војска

Со голот на Јевген Селезнов, Днипро го совлада Наполи и за прв пат во клупската историја обезбеди пласман во едно големо европско финале. Уште е поголемо затоа што екипата 18 натпревари играше надвор од својот дом.

Севиља и Днипро ќе играат во финалето на Лига Европа

Ниту еден од двата италијански клубови не успеа да се пласира во големото финале на Лига Европа. Фиорентина со вкупни 5-0 го загуби двомечот со Севиља, а Наполи поразен во Украина од Днипро. Финалето се игра на 27. мај во Варшава

Наполи против енигмата Днипро, Фиорентина во Андалузија

Стручните соработници на сајтот на УЕФА, Паоло Менучи и Игор Линјук ги даваат своите предвидувања за полуфиналниот дуел од Лигата на Европа на Сан Паоло. Наполи го освои овој куп во 1989. година кога Марадона беше предводник на екипата.

Сан Мамеш е табу тема за Италијанците

Стадионот во Билбао важи за еден од храмовите на европскиот фудбал. Во реванш натпревар од 1/16 финале на ЛЕ, вечерва таму ќе гостува Торино со кој Баскијците на првата средба одиграа 2:2.

Лига Европа: Тешка задача за Рома и Тотенхем

Феенорд и Фиорентина имаат поволен резултат пред вечерашните реванши против Рома и Тотенхем, кој примија гол на домашен терен минатата недела и практично ќе стартуваат со гол негатива.

ЛЕ: Рома - Феенорд, Ливерпул - Бешикташ

По ждрепката за ЛШ, се извлекоа и паровите за нокаут фазата во Лигата на Европа. Бранителот на трофејот, Севиља ќе игра против Менхенгладбах, Интер против Селтик, а Тотенхем против Фиорентина.

Судиска грешка во 94 минута го исфрли Карабах од ЛЕ

Борусија Менхенгладбах, Бриж, Севиља, Волфсбург, Јанг Бојс и Генгамп ги добија директните дуели и се пласираа во следната рунда. Фудбалерите на Днипро го изненадија Сент Етјен, а во прилог им одеше срамната одлука на судијата на мечот Карабах-Интер кој им поништи чист гол на домаќините и му ја скрати радоста на Муарем Муарем. 

Интер со играч помалку до пресврт, реми во Виљареал

58 голови вечерва на натпреварите од 5. коло во Лига Европа. По Ибраими и Пандев, од Европа се поздрави и Адеми со Динамо Загреб. Муарем со Карабах и Абдурахими со Локерен имаат уште шанси за европска пролет.

Спарта Прага и Слован ќе евоцираат спомени на Чехословачка

Натпреварот меѓу чешкиот и словачкиот клуб од ЛЕ можеби нема да биде најинтересен во четврток, но ќе биде прилика екипите да се присетат на дуелите од заедничката држава.

Лондонската полиција подготвена за Турците

Во 24 часа, англиската полиција ќе има многу работа за да спроведе 7.000 навивачи кои од Истанбул ќе допатуваат во Лондон, да ги бодрат своите тимови во ЛШ и ЛЕ.

Прва полуфинална рунда за виза во Торино

„Старата дама“ финалето на домашен терен ќе го брка преку Лисабон каде му гостува на тазе португалскиот шампион. Со големи мотиви кај Севиља се очекува да отпатува и Валенсија која четвртфиналната фаза ја мина во голем стил со пресврт и петарда во мрежата на Базел.

Бенфика ја доби првата битка со Челси

Четворица големи навивачи на двата финалисти од Лигата на Европа и двајца од најдобрите светски фудбалери во изведување акробации, одржаа интересна трка низ Амстердам како најава за утрешното финале. Португалците се покажаа како побрзи.

Обезбедувањето на Челси 12 играч

Нетипична е оваа ситуација во фудбалот која се случи на вчерашниот полуфинален меч од Лигата на Европа помеѓу Челси и Базел. Еден по еден, мртви ладни, редарите си поминуваа покрај корнер знаменцето, без око да им трепне дека го кочат мечот.

Челси и Бенфика финалисти во Амстердам

Португалскиот претставник успеа да ја анулира предноста на Турците од првиот дуел и со 3:1 славеше во Лисабон за пласман во финале кое се игра на 15 мај. Со идентичен резултат заврши и средбата во Лондон, каде составот на Базел поведе прв и се обиде да го изненади актуелниот европски првак.

Челси е најблиску до финале

Минатогодишниот освојувач на Лигата на шампионите има значајна предност од првиот полуфинален дуел во Швајцарија со 2:1. На другиот меч турскиот претставник ќе се обиде да го одбрани минималното водство на гостувањето во Португалија.

Челси во одбрана на англиската чест

Актуелниот европски шампион го очекува тешко гостување против швајцарскиот првак кој нема пораз сезонава во Лигата на Европа. Жешко гостување ќе има и Бенфика против турски Фенербахче кој ќе брка историско финале.