Прва полуфинална рунда за виза во Торино

„Старата дама“ финалето на домашен терен ќе го брка преку Лисабон каде му гостува на тазе португалскиот шампион. Со големи мотиви кај Севиља се очекува да отпатува и Валенсија која четвртфиналната фаза ја мина во голем стил со пресврт и петарда во мрежата на Базел.

Бенфика – Јувентус

- Овие две екипи се единствените кои немаат пораз оваа сезона во Лигата на Европа, но и двете продолжија во ова натпреварување откако претходно беа елиминирани во ЛШ.

- Фудбалерите на Бенфика изминатиов викенд стигнаа до 33 титула во домашното првенство. Блиску до титула е и Јувентус кој го брка третото Скудето во низа.

- Единственото нивно соочување во ова натпреварување се случи во 1992/1993 кога во четвртфиналето Италијанците беа подобри со вкупен резултат 4:2. Антонио Конте тогаш настапуваше како играч на Јуве. Претходно имаат одиграно и едно полуфинале во ЛШ во далечната 1968, а тогаш Бенфика беше подобра.

- Ова е прв полуфинален натпревар за „Старата дама“ на меѓународна сцена по она во 2003 кога стана финалист и загуби на пенали од Милан во ЛШ.

- Бенфика минатата година загуби во финалето од Челси, а претходно до полуфинале во ЛЕ стигна во 2010/2011.

- Португалците играат одлично на домашен терен во ова натпреварување и имаат скор од 15 победи и две нерешени на нивните 17 последни средби.

Типстерите им даваат подеднаква шанса за победа и на двете екипи.

Севиља – Валенсија

- Ова е прво соочување на шпанските екипи на меѓународна сцена. Во Примера Валенсија е подобра со 95 победи, 35 нерешени и 77 порази.

- Севиља нема пораз на последните 13 средби на домашен терен од Валенсија. Последен пат загубија во мај 2004 со 2:0.

- Фудбалерите на Антонио Пици оваа сезона во шпанското првенство освоија четири бода против Севиља, но вечерва пред себе ќе имаат екипа со европско педигре која два пати го освои ова натпреварување (2006 и 2007).

- Валенсија беше полуфиналист во Лига Европа во 2011/2012, кога загуби од Атлетико Мадрид, а трофејот во ова натпреварување го освои пред точно 10 години.

- Севиља се наоѓа најдолго време во ЛЕ каде до полуфиналето стигна од третото квалификациско коло. Тоа до сега им успеа на Фулам и Хамбургер (2009/2010) и на Атлетико Мадрид кој стигна до пехарот пред две сезони.

Прогнозите на Типстер се дека Севиља ке победи на овој дуел, а на средбата ќе паднат најмалку 3 голови.

24 април 2014 - 14:27