Челси е најблиску до финале

Минатогодишниот освојувач на Лигата на шампионите има значајна предност од првиот полуфинален дуел во Швајцарија со 2:1. На другиот меч турскиот претставник ќе се обиде да го одбрани минималното водство на гостувањето во Португалија.

Челси – Базел
-Последниот тим кој го победил Челзи на „Стемфорд Бриџ" на европските натпреварувања е Манчестер Јунајтед во април 2011 година.

-Челси постигнува минимум по 2 гола на последните 4 меча во Лигата на Европа, а Базел прима по најмалку 2 на изминатите 3 средби.

-Швајцарскиот шампион одигра 6 натпревари сезонава на гостински терен во ова натпреварување, но не успеа да победи ниту еднаш.

-Фудбалерите на Базел 7 од последни 17 гола ги постигнаа во последните 15 минути од мечевите или 41.2%.

-Базел нема победа на последните 18 гостувања во Англија, уште од 1995 година кога го победија Тотенхем.

-Челси е првиот тим кој има можност како актуелен освојувач на Лигата на шампионите да слави и во Лигата на Европа. Порто со Жозе Мурињо тоа го стори во 2003 и 2004 година но по обратен редослед.

Бенфика – Фенербахче
-Бенфика на последните 13 натпревари во Лигата на Европа, има 12 победи.

-Фудбалерот на Бенфика, Едуардо Салвио два пати го освои ова натпреварување со тимот на Атлетико Мадрид.

-Екипата на Фенербахче има можност за прв пат во својата историја да стигне до финале. Нивниот најголем меѓународен успех е пласманот помеѓу најдобрите 8 екипи во Лигата на шампионите во 2008 година.

-Турците се непобедливи на последните 6 гостувања во Лигата на Европа со 4 победи и 2 нерешени.

-Голманот Артур Мораес и Лоренсо Мелгарехо се единствените фудбалери кои ги одиграа сите 630 минути оваа сезона во Лигата на Европа.

-Ниту еден од четирите полуфиналисти не успеал до сега да го подигне пехарот во Лигата на Европа.

2 мај 2013 - 11:42