Аплаузи за Весли

Легендарниот фудбалер на Ајакс, Реал Мадрид, Интер и Галатасарај, реши да отстапи место во репрезентацијата на Холандија за помладите и синоќа на мечот против Перуанците за последен пат го облече портокаловиот дрес.

Весли Снајдер (34) е рекордер по бројот на настапи за репрезентацијата на Холандија. Легенда за сите времиња.

Снајдер одигра 134 меча за Холандија, постигна 31 гол и дури 6 пати учествуваше на светски и европски првенства. Весли има толку многу светли моменти во портокаловиот дрес што никој не може да ги запомни сите.

Затоа организаторите на синоќешната пријателска Холандија - Перу (2-1, два гола на Депај за пресврт) на „Јохан Кројф Арената“ во Амстердам спремиле убава вечер за човекот кој се прости од репрезентативниот дрес.

Навивачите дошле не само поради дуелот со Перу туку и да му оддадат признание на големиот фудбалер. Соиграчите и колегите, пријателите и противниците зборуваат во едно видео за него, а видеото беше пуштено на видео бимовите на стадионот.

Весли на теренот се појави со своето семејство, а на теренот одигра 62 минути кога излезе од игра.