Таг: рекордер

Историја за Кливленд и Донован Мичел кој на Чикаго му даде 71 поен

Лука Дончиќ на истекот на старата година постигна 60 поени, но Доновил Мичел новата ја почна со 71. Тоа се рекордни после оние на Коби Брајант пред 15 години.

Кои се најважни рекорди на сите Светски првенства?

Во натпревар од 1/8 финале против Полска, Килијан Мбапе направи шоу: му асистираше на Жиру, а во вториот дел даде и два убави гола, со што стана прв фудбалер кој постигнал 9 гола на Светски првенства до 24 години.

112 гола против 46 различни репрезентации

Португалија со 3-0 го совлада Катар којшто игра формално во група од квалификациите за Светско на кое е пласирана селекција како домаќин. Кристијано Роналдо го отвори резултатот и постави нов рекорд. Сега има 181 натпревар за својата земја, 112 гола против 46 различни селекции. Неверојатно.

Неверојатните подвизи и рекорди на Ѓоковиќ - станува ли најголем во историјата?

По епското полуфинале со Рафа Надал, Новак Ѓоковиќ во финалето по голема борба и 251 минута жесток тенис со Стефанос Циципас 6:7 (6), 2:6, 6:3, 6:2, 6:4, го освои 19. Гренд Слем трофеј во кариерата.

Трогателен момент со детето на Спортинг на крајот од мечот

Фудбалерите на Спортинг Лисабон играат неверојатна сезона и после цели 19 години се на одличен пат да ја освојат титулата во Португалија. Без пораз се на 24 меча (20 победи, 4 нерешени) и му бегаат 10 бода на Порто.

Со 16 години стана рекордер, со 17 веќе решета за Барселона

Навивачите на Барселона поминаа низ бурно лето, па никој не знаеше каков однос ќе има Меси после турбулентните месеци, каков ќе биде нападот без Суарез, ќе седи ли Куман на клупа во првото коло против Виљараел кој го води Унаи Емери итн.

Најстариот хокеар на светот има 98 години и уште игра

Марк Сертиќ од Минесота е најстариот аматерски хокеар на планетата. Што се однесува до професионалците, рекордот и натаму го држи Горди Хоу кој ја завршил профи кариерата на 52 години и Јаромир Јагра, легендарен Чех кој уште игра на 48 години.

Сите 77 гола од слободен удар на легендата Жунињо Пернамбукано

Светски рекордер по број на голови од слободен удар. Европа го запозна преку настапите за Лион каде летово се врати како помошен тренер на неговиот сонародник Сивлињо (да, левиот бек на Барса од времето). Па, дами и госпда, уживајте:

Аплаузи за Весли

Легендарниот фудбалер на Ајакс, Реал Мадрид, Интер и Галатасарај, реши да отстапи место во репрезентацијата на Холандија за помладите и синоќа на мечот против Перуанците за последен пат го облече портокаловиот дрес.

Каде оди фудбалот - Челси даде 80 милиони евра за голман

По неколкудневни преговори шпанскиот голман Кепа Арисабалага премина од Атлетик Билбао во Челси за вртоглави 80 милиони евра и стана најскап голман во историјата!

Пипита постигна два најбрзи гола во историјата на ЛШ

Аргентинецот Игуаин синоќа против Тотенхем даде два гола за само 8 минути и 7 секунди од почетната судиска свирка. Тоа е најбрзиот дубл на еден играч во историјата на Лига на шампиони. Претходниот рекорд го држеше сонародникот на Игуаин, Хулио Круз кој во дресот на Интер во сезоната 2006/2007 година против Спартак Москва дал два гола за 8 минути и 30 секунди.

Кој е тој Миле за кој зборува Мурињо

Неодамна на 27. август славел 18-ти роденден и полнолетство а само 53 дена подоцна бранеше против Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите. Кој е бисерот Миле Свилар?

Како играчите на Манчестер го тешеа најмладиот голман во историјата

18 годишниот голман Миле Свилар синоќа постави рекорд откако стана најмладиот голман во историјата на Лига на шампиони. Претходно рекордот го држеше Икер Касиљас. Малиот заигра против Јунајтед, направи кардинална грешка кога влезе со топка во гол по центаршутот на Рашфорд во 64’ минута, па гостите го тешеа да крене глава горе.

Како скромниот и малечок Чави стана великан

Бил мал, низок и слабичок па не му предвидувале сјајна кариера. Но тој, упорен каков што бил од дете, запнал да им покаже што знае со топка. Стигнува до првиот тим, освојува Светско и Европско, слави Лига на шампиони и му се заблагодарува на покојниот дедо.

Сторија за дискретниот херој Герет Бери кој одигра повеќе од Гигс

Рецептот за долговечност го има човекот за кој малку кој би покажал со прст а тој е секогаш на позиција, спремен да се бори додека го држи сила. Тивок, внимателен, концентриран и голем професионалец. 21 сезона!

2017 а Роџер игра како во младоста

Скоро и да нема рекорд кој не го поставил, срушил или има намера да го надмине. Кои се најважните достигнувања во кариерата на Швајцарецот?

Капитенот кој 10 години не промашил пенал

Се вика Чаби Прието и е легенда на Реал Сосиедад. Човекот откако влегол во првиот тим во 2003-та, до денес дал 22 гола од пенал од 23 обиди. Промашил само еднаш против Билбао во 2007-ма. Тимот на Сосиедад во последните осум сезони промашил само еден пенал кога во 2012 Иманол Агирече утнал против Бетис.

32% од играчите во Серија А не биле родени на дебито на Тоти

Денес во најдобрата италијанска лига играат 529 фудбалери од кои дури 168 не биле уште родени кога Франческо Тоти за првпат заигра за Рома. Тоа се случи на денешен ден, 28 март пред 24 години кога Вујадин Бошков го пушти пред крајот од мечот Бреша - Рома (0-2).

Првиот гол на голманот Рожерио Сени во кариерата

Пред точно 20 години, 24-годишниот Рожерио Сени го постигна својот прв гол во кариерата на мечот против Униао Сао Жоао. Од тој момент до крајот на кариерата постигна вкупно 131 гол, претежно од слободни удари или пенали. Важи за најдобриот изведувач на слободни меѓу голманите во историјата.

Новото европско кошаркарско чудо од дете

Сте слушнале ли некогаш за Лука Дончиќ? Се работи за 17-годишен Словенец од Љубљана којшто ја воодушевува елитната Евролига во дресот на Реал Мадрид.

Синиша Михајловиќ - рекордерот по број на црвени картони

За Синиша Михајловиќ уште од играчките денови знаевме дека има незгоден карактер и дека кога ќе збесне поради некоја судиска одлука, црвениот картон му беше неизбежен. Таков е и денес како тренер. Во Серија А добил дури осум црвени картони како тренер.

Што треба да знаете за Мајк Тајсон

Во едно неодамнешно интервју, поранешниот апсолутен светски шампион во тешка категорија и член на боксерската Куќа на славните, Мајк Тајсон, кој годинава наполни 50 години раскажа што му се случило во едно средно школо.