Ако е вака, ич не почнувајте со Бундеслига

Германската Бундеслига е накострешена да ја возобнови сезоната на 9 мај, иако властите во оваа земја уште ништо официјално не решија.

За сè да испадне добро, фудбалските работници во Германија ѝ пристапуваат „сериозно“ на работата.

Групата под водство на докторот на репрезентацијата на Германија Тим Мејер, после консултации со вирусолозите составила специјални инструкции за фудбалерите и ги пратиле во сите клубови од првите три машки Бундеслиги и основната женска Бундеслига.

Нема апстрактни препораки, туку правилник на однесување од излегување па до враќање дома после натпреварите.

ПРАВИЛА НА БУНДЕСЛИГАТА ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА ОД КОВИД-19

ДОМА:

Што е можно поретко излегувај на улица
Минимум гости
Избегнувај гужви и јавен транспорт

Ако партнерот има симптоми избегнувај контакти, користење какви било забни четки, пешкири и чаршафи

ВО КЛУПСКАТА БАЗА:

Минимум луѓе на затворен простор
Минимум два метри растојание на собирите
Забрането примање достава на храна во базата и заеднички оброк

Туш и пресоблекување само дома

Играчите сами да ја фрлат опремата и копачките во машина за перење

Кашлање и кивање само на растојание од два метри од друг човек - во подлактица или во рака

ВО ХОТЕЛ:

Еден спрат за цела екипа со сопствен лифт

Стискање на копчињата за повикување лифт само со лакти

Забранета посета на лоби бар

Никаква сервис-служба во соба

Надвор од соба да се носат маски

Никакви собири во собите додека екипата престојува во хотел

ДО МЕЧОТ:

Не повеќе од 322 луѓе на стадионот на денот на мечот

Не повеќе од 100 луѓе во секоја зона: на трибини, на терен и на територијата околу стадионот

Влегување на играчите во разно време во неколку автобуси

Ако екипата е во еден автобус, сите треба задолжително да носат маски

Играчите на домаќинот да дојдат со своите возила

Дезинфекција на автобусот при пристигнување на гостински стадион

На влез на стадионот на секој играч да му се измери температура со термометар

ВО СОБЛЕКУВАЛНИ:

Дезинфекција на сите предмети и врати кои секогаш треба да се отворени

Дистанца меѓу играчите во соблекувална минимум 2 метри

Секој играч да има свое шишенце со вода или други напитоци

Туш да се користи индивидуално

Задолжително маски да носи медицинскиот персонал

РАЗМИНУВАЊЕ И ВЛЕЗ НА ТЕРЕН:

Првиот тим и резервите да се разминат одделно

Екипите не смеат да бидат во тунелот истовремено

Играчите да излезат на терен без водење деца на терен како вообичаено

На стадионите да нема маскоти

НА ТЕРЕН:

Средби на играчите пред мечот е забрането

Ракувањето меѓу играчите забрането

Да нема заедничка клупска фотографија

Резервите да седат на 2-3 седишта растојание, останатите на трибината позади

ПОСЛЕ МЕЧОТ:

Никакви интервјуа во микс зоната

Само виртуелни прес-конференции преку видео повици

Задолжителни маски за работниците од ТВ каналите

ТЕСТОВИ:

Задолжително тестирање на Ковид-19 пред враќање на тренинзите после мечот

Минимум еден тест неделно пред следниот меч

Резултатот на тестот треба да се добие до натпреварот

Ако некој е заразен, незадолжително цела екипа треба да биде во карантин

Заразениот играч треба да се самоизолира од соиграчите и семејството на 14 дена од моментот на појавување на симптомите

Да го информира клупскиот доктор и лигата, но не и новинарите

Да се врати на тренинзите само со дозвола од клубот