Агим Ибраими против лисабонските лавови

По вчерашното отворање, вечерва продолжуваат возбудувањата во натпреварите по групи од ЛШ, а нашиот репрезентативен напаѓач деби настапот во ова натпреварување ќе го има на домашен против Спортинг Лисабон. Мега дуел е пресметката во Минхен меѓу Баерн и Манчестер Сити.

 Баерн Минхен - Манчестер Сити 

- Англичаните со пресврт (2-3) минатата година му ја прекина серијата од 10. победи на Баерн Минхен; 

- Германскиот шампион три пати последователно играше во 1/2 финалето од Лигата на шампионите, а лани испадна од Реал Мадрид; 

- Пабло Забалета (Ман. Сити) ќе го пропушти вечерашниот дуел поради суспензија, а поради повреда кај Баерн нема да играат Бадштубер, Хави Мартинез, Швајншајгер и Рафиња. 

- Против англиските клубови, Баварците на домашен терен имаат 11 победи, 6 нерешени и 3 порази.

- Манчестер Сити во дуелите против германските клубови на гости има 2 победи и дури 5 порази; 

- Минатата година, Сити ги доби сите гостински натпревари во групната фаза (Плзен 3:0, ЦСКА Москва 2:1 и Баерн 3:2); 

- Нојер, Демикелис, Боатенг, Агуеро, Геце, Лам и Швајншајгер се играчите кои се сретнаа во финалето од СП во Бразил а ќе се судрат и вечерва; 

- Баерн Минхен и Ман. Сити во групната фаза од ЛШ се сретнаа и во сезоната 2011/12. Сити загуби 2-0 во Минхен а со ист резултат славеше на „Етихад“. Групата ја освои Баерн а „граѓаните“ завршија како третопласирани; 

Челси - Шалке

- Двата клуба лани се сретнаа во групната фаза, а Челси славеше со убедливи 3:0 и во Лондон и на гости во Гелзенкирхен; 

- Против тимовите од германско тло, Челси има 9 победи, 4 нерешени средби и 4 порази; 

- Челси сезонава има 4/4 во англиската Премиерлига, каде постигна 15 голови досега, а на последните 30 меча на домашен терен има само еден пораз.

- Минатогодишниот пораз од Базел беше прв пораз на отворањето за Челси во ЛШ по 8 победи и 3 нерешени средби; 

- Победата на Шалке над Арсенал од 2:0 во Лондон беше прва за германскиот клуб во Англија, по 4 порази и едно реми; 

- Анре Ширле во дресот на Мајнц и Леверкузен постигнувал голови против Шалке од 2009-та па се до 2013-та; 

- Фабијан Гифер, Сеад Колашинац, Фелипе Сантана и Џеферсон Фарфан се повредени во редовите на Шалке, додека кај Челси Дидие Дрогба е неизвесен.

Двојки од 20:45:

Група Е: Баерн – Манчестер Сити, Рома – ЦСКА Москва

Група Ф: Ајакс – ПСЖ, Барселона – АПОЕЛ

Група Г: Челзи – Шалке, Марибор – Спортинг

Група Х: Атлетик Билбао – Шахтјор, Порто – Бате Борисов

17 септември 2014 - 16:01