8 инспиративни фудбалски приказни

Зад голем дел од големите фудбалски имиња, се крие тешко и проблематично минато во кое се бореле за опстанок. Денеска тоа го враќаат дупло.

Алексис Санчез

Напаѓачот на Арсенал потекнува од сиромашен град во Чиле, а за да преживее морал да работи на 6 години и да помага дома. Иако немал пари да плаќа, тој бил доведен во младинскиот клуб Арачио. Санчез минатиот Божиќ го посети своето родно место каде подаруваше дресови и слатки, а донираше и 160.000 фунти за да се реновираат пет мали фудбалски игралишта каде играат деца.

Дидие Дрогба

Тој е светска фудбалска ѕвезда, но и икона во Брегот на Слоновата Коска, не само поради настапите и успесите, туку заради хуманите гестови. До сега во својата родна земја има донирано 3 милиони фунти како помош за изградба на болниците.

Месут Озил

Германскиот репрезентативец кој летово во Бразил го освои Светското првенство, паричната награда не ја потроши по одмори. Тој донираше 350.000 фунти за операција на 23 деца од Јужна Америка.

Кристијано Роналдо

По хумани гестови е познат и лидерот на Реал Мадрид. Во 2012 година плати лекување на деветгодишно момче кое боледуваше од рак. Истата година ја продаде Златната копачка за 1,5 милиони долари, а парите ги донираше за изградба на училишта во Газа. Тој даде 100.000 фунти за болницата која го спаси животот на неговата мајка за да се изгради специјалистични центар за борба против ракот.

Навивачите на Портсмут

По големите финансиски проблеми, поранешниот англиски прволигаш беше пред згаснување, но тоа не го дозволија најверните навивачи на клубот кои со 2 милиони фунти го одржаа во живот. Иако неодамна објавија дека се во долгови, тие се надеваат дека еден ден повторно ќе го следат во првата лига.

Јаба Канкава

Фудбалерот на Днипро му го спаси животот на Олек Гусев од Динано Киев кој се онесвести. По еден жесток судир на овие двајцата фудбалери, Канкава не го чекаше медицинскиот тим, туку веднаш реагираше и му го извади јазикот на Гусев кој почна да се гуши.

Лионел Меси

Како дете Меси имал недостаток на хормони за раст. Тогашниот спортски директор на Барселона, Карлес Рехак го забележал неговиот талент и во договор со татко му на Меси, клубот ги плаќал потребните лекарства за тој да се пресели со семејството во Шпанија.

Виктор Мозес

Неговите родители биле убиени во Нигерија кога тој имал само 11 години. Само една недела подоцна, роднините на Мозес побарале азил во Велика Британија и кога пристигнал почнал веднаш да оди во школо. Неговиот талент први го забележале скаутите на Кристал Палас, а тој денес е во Премиер лигата како член на Челси и позајмен во Стоук.

21 ноември 2014 - 18:02