24 минути пропаст на Давид Луиз

Бразилскиот стопер ги одигра можеби најкатастрофалните 20 минути во својата богата кариера. Толку лошо изигра против Сити синоќа што ако не му го продолжат договорот, ова ќе му биде последен меч во Арсенал а можеби и во Англија.

Премиер лигата конечно се врати. Синоќа гледавме два меча од кои оној во вториот термин од 21:15 беше дербито Манчестер Сити - Арсенал. „Граѓаните“ Давид Луиз ги водеше до победата.

Сите очекувавме да видиме како Артета го подготвил тимот за мечот против неговиот довчерашен колега и главен тренер Гвардиола.

За жал на Артета, работите тргнаа на криво уште од старт.

Веќе во 6' минута се повреди Џака. После 20 минути се повреди и стоперот Пабло Мари на чие место влезе Бразилецот Давид Луиз.

И тогаш почна циркузот.

Кевин Де Брујне намириса дека Луиз нешто не е концентриран баш најдобро па прво му сервираше супер шанса на Марез преку Луиз (Лено одбрани), после и Стерлинг имаше шанса, а истиот играч во 45' минута буквално на асистенција на Давид Луиз го отвори резултатот 1-0.

По една акција на Сити Луиз ужасно неспретно со колено ја удри топката и таа му легна на волеј на Стерлинг кој ја пробуши мрежата на Лено.

Во второ полувреме, дали фрустриран од слабата форма, Луиз не издржа 5 минути да не направи нова глупост. Едерсон дегажираше топка до Марез, а Луиз му се пушти и боречки го фрли на земја во сопствениот шеснаесетник - пенал за Арсенал.

Судијата Ентони Тејлор процени дека фаулот бил за црвен картон, Луиз беше исклучен а Кевин де Брујне искористи пенал за 2:0.

Давид Луиз стана прв играч за 5 години кој во еден меч имал анти-хет-трик: направи кардинална грешка која влијаеше на голот, направи пенал и доби црвен картон.

Последен кој направил такво нешто во Премиер лига бил стоперот на Вест Хем Карл Џенкинсон на меч против Борнмут во 2015-та година. Но тогаш Карл играл 79 минути а Давид синоќа само 24.

Ваква комбинација од очајни потези имаше еднаш и Колумбиецот Иван Кордоба во 2011 година после што стана јасно дека е за пензија.

Давид Луиз е првиот фудбалер кој за 3 сезони во Премиер лига направил 4 пенали. Пред него тоа беше Португалецот Жозе Фонте.

Во јануари Давид Луис направи пенал и против Челси кога доби црвен картон. Тогаш играше само 26 минути. Неговиот договор со Арсенал истекува на 30 јуни а уште нема никаква најава дека ќе му го продолжат.

Во понеделникот Артета изјавил: „Јас сакам да го задржам него. Давид беше пример за пожртвуваност од моментот откако дојдов“, но и додал зошто го остава на клупа: „Во последните недели се случија одредени работи“.

Веднаш после мечот синоќа Артета го бранеше Бразилецот: „Тој е многу чесен и прав човек. Моето мислење за него не е сменето. 

После дебаклот против Сити, изјава даде и самиот Давид Луиз:

„Во последните два месеци морав да донесам некаква одлука. Целата работа е во договорот. Требаше да донесам какво било решение да ја решам својата иднина. Не го направив тоа. Не сакам да го користам тоа како оправдание. Крив сум јас но и сите. Ми се допаѓа во Арсенал зошто посветено тренирам и затоа дојдов тука (пред новинарите) денес. Сакам да останам. Тренерот го знае тоа и сака да останам. Чекаме одлуки“.

За останатите 50 минути (мечот беше продолжен 11 поради страшната повреда на Ерик Гарсија од Сити), Арсенал прими уште еден гол (од Фил Фоден) и изгуби 3:0. Но необично германскиот голман Бернд Лено имаше дури 9 одбрани.

Сега дури и победа на Ливерпул во недела во градското дерби на „Гудисон Парк“ нема да му донесе титула и нема да ја слават кај вечниот ривал. 

18 јуни 2020 - 09:12