Таг: давид луиз

Намерно доби жолт за да одиш на одмор а?

Само Мурињо може да прекине интервју на ваков начин и да го ремети својот играч дека намерно добил жолт картон за следното коло да биде суспендиран и да оди да се одмори во Португалија. Снимката е од времето кога им беше тренер на Давид Луиз и Азар во Челси.

24 минути пропаст на Давид Луиз

Бразилскиот стопер ги одигра можеби најкатастрофалните 20 минути во својата богата кариера. Толку лошо изигра против Сити синоќа што ако не му го продолжат договорот, ова ќе му биде последен меч во Арсенал а можеби и во Англија.

Давид Луиз играше лист-камен-ножички против Гендузи во огледало

Додека трае карантинот и изолацијата, фудбалерите бараат некое чаре да не им биде досадно. Некои прават челенџи, а некои играат игри од детството.

Слика на која толку долго чекавме

Конечно после толку желби, мемиња, видеа и зезалици, дочекавме Давид Луиз во последниот ден од преодниот рок да потпише договор со Арсенал и да му се придружи на својот брат по природна коса, Матео Гендузи.

Во Арсенал ќе одиш а? Епа отиде кафаната

Додека цела медиумска машинерија труби за Нејмар, Икарди и други ѕвезди кои се очекува летово да сменат средина, Давид Луиз изненадно го крена дресот на Арсенал и ги налути навивачите на Челси.

Нема фрки меѓу Игуаин и Луис, се смирија

Тензијата меѓу Гонзало Игуаин и Давид Луис кои се срчнаа на 24 часа пред финалето на ЛЕ е минато. Фудбалерите на Челси ги надминаа недоразбирањата после лактот кој Аргентинецот го попи од Бразилецот, па дури и кажаа дека се сакаат.

Видео од лактот на Луиз кон Игуаин на тренинг

Откако англиските медиуми кои се во Баку објавија видео на кое се гледа вербална расправија меѓу Бразилецот и Аргентинецот, се појави и ново на кое може да се види зошто Игуаин му бил бесен на Давид Луиз.

Кепа зјапаше во елиминацијата, Давид Луиз спаси

Малку возбуда имаше во полуфиналето од Лига на шампиони, па да не останат покуси и учесниците во Лига Европа синоќа си играа со нервите на навивачите. Челси мина на пенали, ама да не беше интервенцијава на нивниот командант во одбрана во 100-та минута ќе се чешаа.

Давид Луиз сам на себе си честиташе

По лудата голеата на Етихад, истиот резултатот од 4:3 го повторија и екипите на Челси и Славија Прага каде до 27-ма минута беше 4:1. Давид Луиз на крај си го најде братот близнак со кој заедно одат на стрижење, односно не одат.

Мадр факр петица на Давид Луиз

Што ти значи да имаш брз, сигурен и целосно самоуверен штопер, па дури и во една ваква по малку коцкарска ситуација против двајца. Од игра ги избаци, особено едниот кој заврши зад аут линија. Стварно јако и фраерски.

Канте не плаќа во ресторанот на Вилијан и Давид Луиз

Бразилците од Челси, Вилијан и Давид Луиз отворија италијански ресторан во Лондон. Се решиле амбиентот да не биде класичен, туку по опуштен со графити, а во кујна имаат профи шеф по име Никола за која велат дека има злати раце. Луиз признава дека во кујна само јајца знае да спржи, а за колегите велат дека обожаваат да доаѓаат бидејќи јадат гага, особено Канте кој никогаш не плаќал.

Најплодните 7 години од кариерата на Давид Луиз

Тешко дека постои дефанзивец кој не сака да биде во кожата на Бразилецот во изминатиов период. Не само поради платата и славата, туку и поради трофејната сала која ја наполни до даска за само 7 години.

За да освоите ЛШ мора да имате Бразилец во одбрана

Селекцијата на Бразил е синоним за Пеле, Роналдо, Ривалдо, Ромарио, Роналдињо, Нејмар, Кака и останатите фудбалери специјалисти за дриблинг. Арно ама оваа земја вади и врвни дефанзивни фудбалери кои секоја година се со пехар од Лига на шампиони во раце.

Малиот што секогаш трчал по Давид Луиз

Бразилецот Давид Луиз после две години во Пари Сен Жермен се врати во Челси, па навивачите срдечно го пречекаа на Стемфорд Бриџ. Еден од нив, при првиот престој на Луиз во Челси после секој меч трчал од стадионот до хотелот со играчите само да се поздрави со него и да му каже дека одиграл добро.  Откако после мечот со Лестер, после толку време повторно го видел дечкото како го довикува, Луиз му пријде и му го даде дресот.

Кога одбранбен играч вреди злато

Откако Рома одби неверојатни 25 милиони евра од Милан за младиот стопер Алесио Ромањоли (21), тренерот на Росонерите Михајловиќ изјави дека не може јагоди да вредат колку остриги. Дали навистина е така?

Двојниците на Тијаго Силва и Давид Луиз

Кога ги гледате на слика ќе помислите дека се Силва и Луиз како мали или па нивните синови. Тоа се уствари Луан и Мурило кои немаат врска со бразилските фудбалери и кои станаа познати на Мундијалот во Бразил. Се појавија и на вчерашниот пријателски дуел меѓу Бразил и Мексико.

Давид Луиз по побожните стапки на Кака

Додека неговите соиграчи го демолираа Монпеље со 6:0, Давид Луиз минатата недела се крстеше во Евангелистичка црква, каде уште еднаш дал збор дека ја чува својата невиност додека не се ожени со девојката Сара Мадеира.

Најскапиот дефанзивец премногу ги шири нозете

Цената на одреден играч не е секогаш мерило за квалитет. За Давид Луиз лани Парижаните платија рекордни 70 милиони евра и откако Суарез синоќа му го испи мозокот, денеска најскапиот играч од одбрана го трола цел свет.

Челси преку Ајфел сака пласман понатаму, Баерн претпазлив

ПСЖ и Челси повторно ќе играат во нокаут фазата од ЛШ, откако лани во четвртфиналето клубот од Лондон отиде понатаму со гол на гостински терен. Баерн и Шахтјор осминафиналето ќе играат во Лавов, град оддалечен преку илјада километри од Доњецк.

Најскапиот ден во Премиер лигата

Во само неколку часа на 31. јануари 2011 година, Челси и Ливерпул направија серија трансфери кои станаа највредни во историјата на англискиот фудбал. Сините ги купија Торес и Давид Луиз, а црвените Суарез и Енди Керол.

Како Мурињо му донесе 66 милиони фунти на Челси?

Откако се врати на Стемфорд Бриџ, Португалецот успеа да се ослободи од играчите кои беа звучни имиња, вредеа многу, а тој не ги сакаше. Се работи за петмина фудбалери кои не беа по вкусот на Специјалниот, а донесоа профит во касата на Челси.

Давид Луиз расплакан на скриена камера

Луиз е познат како шегаџијата во соблекувалната на Челси, но во овој случај една португалска телевизија реши да се пошегува на негова сметка.