23 години од натпреварот кој ја разгори Југославија

На 13 мај во 1990-та година требаше да се одигра натпреварот помеѓу Динамо Загреб и белградска Црвена Звезда. Инцидентите кои се случија на овој натпреварот го означија почетокот на распадот на Југославија.

Недела, 13 мај 1990-та година ќе остане запаметен како ден кој според мислењето на многумина, го означи стартот на војната во поранешна Југославија.

Нередите започнале уште утрината со пристигнувањето на Делиите во Загреб, а продолжиле со нивното влегување на стадионот Максимир. Инцидентите кулминираат со тепачката на полицијата со навивачите на двата клуба на трибините и на самиот терен. Епилогот е 193 повредени лица.

Највпечатлива слика од тој ден е нападот на Звонимир Бобан на полицаец во одбрана на навивач на Динамо Загреб. Бобан стана херој во Хрватска, но заработи суспензија и го пропушти Светското првенство во 1990-та година.

Навивачите на Динамо овој ден го одбележуваат како „Почеток на војната за Хрватска" и секоја година на овој датум положуваат цвеќе пред споменикот на загинатите навивачи.

Во 2011-та година, Си-Ен-Ен го вброја овој настан помеѓу петте натпревари кои го променија светот.